Битола е град во југозападниот дел на Република Македонија. Битола е административен, културен, економски, индустриски, образовен, научен како и дипломатски центар, и поради тоа е познат и под името град на конзулите. Битола е втор по големина град во Република Македонија според бројот на жители, додека по површина е трет. За време на Југославија бил еден од културните центри, како во Кралството Југославија, така и во СФР Југославија. повеќе...
Една од познати личности од Битола за овој месец е...
Каролина Гочева (родена на 28 април1980) е македонскапоппејачка, која 2 пати ја претставуваше Македонија на Изборот за песна на Евровизија. Во 2002 година во Талин, Естонија, настапи со песната „Од нас зависи“ и се пласираше на 19 место. Во 2007 година во Хелсинки, Финска, настапи со песната „Мојот свет“, пласирајќи се како 9-та во полуфиналето, а како 14-та во финалето. Каролина Гочева го имаше својот прв забележителен настап на десет годишна возраст на детскиот фестивал "Си-До" во Битола и на фестивалот Макфест во 1991 во Штип со песната "Мамо, пушти ме". На почетокот на нејзината кариера, таа настапуваше на голем број домашни фестивали за промовирање на нејзиниот талент и нејзината кариера. Стана редовен учесник на фестивалот Скопје-Фест, дебитирајќи во 1994 со песната "Кој да ти каже". Во наредните години успешно настапуваше на Скопје-Фест каде што се избираше песна за Евровизија. Во 1996 учествуваше со песната "Ма, ајде кажи ми" и се пласира на деветто место. Во 1998 учествуваше со "Украдени ноќи" и имаше поголем успех стигнувајќи до четвртото место со 10,454 гласови. Во 2000 година Каролина стана дел од Авалон продукција и го издаде својот деби-албум "Јас имам песна". Од овој албум излегоа хитовите "Сакај ме", "Без оглед на се" и "Немир" која ја испеа во дует со Тоше Проески. Меѓу песните на нејзиниот прв албум беше и "За нас" која ја напиша Дарко Димитров, со која настапи на Скопје-фест. На овој фестивал Каролина за малку не победи, заврши на второто место со 916 поени.
Од почетокот на месец март до јуни 2008 година Каролина учествува како член на жирито и учесник во телевизиското шоу „Пеј со мене“ (бугарски: „Пей с мен“), кое се емитува по бугарската Нова телевизија.
Првиот митрополит на епархијата (1958 - 1979) бил блаженопочинатиот Климент. Вториот митрополит и сегашен администратор на епархијата, надлежен како архијереј од 1981 е Господин Петар. Во Преспанско-пелагониската епархија има околу 500 цркви и манастири. Во последните десетина години во епархијата се изградени или се градат околу 40 цркви и 140 црковни објекти. Епархијата има два црковни музеи - во соборниот храм „Св. Великомаченик Димитриј“ во Битола и во храмот „Св. Јован“ во Крушево, како и постојана изложба на икони и библиотеки во зградата на митрополијата. Митрополијата е изградена помеѓу 1901 и 1902 година и е еден од најубавите примери на необарокна архитектура. Покрај доминантната Македонска православна црква, во Битола постојат и други поголеми верски заедници како што се Исламската верска заедница, Римо-католичката црква и други.