ОУ „Браќа Миладиновци“ - Добрушево
Основно училиште „Браќа Миладиновци“ (официјално: Општинско основно училиште „Браќа Миладиновци“ - Добрушево; скратено: ООУ „Браќа Миладиновци“) — централно основно училиште во селото Добрушево, Општина Могила.[1][2]
Браќа Миладиновци
| |
---|---|
Поглед на централното основно училиште „Браќа Миладиновци“
| |
Место | |
Општина: | Општина Могила |
Наречено по: | Браќа Миладиновци |
Нас. место: | Добрушево |
Адреса: | с. Добрушево |
Местоположба | |
Основни информации | |
Настава на: | македонски |
Контактни информации |
Училиштето е именувано по македонските преродбеници и писатели Браќа Миладиновци.
Местоположба
уредиОбјектот на училиштето се наоѓа на влезот на селото, непосредно од левата страна на патот кој води од Ношпал.
Настава
уредиВо училиштето се изведува настава од прво до деветто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.[2]
Подрачни училишта
уредиВо склоп на училиштето се следните подрачни училишта:
- ПУ „Браќа Миладиновци“ - Дедебалци;
- ПУ „Браќа Миладиновци“ - Мусинци;
- ПУ „Браќа Миладиновци“ - Ношпал; и
- ПУ „Браќа Миладиновци“ - Будаково-Трап.
Од нив, единствено во подрачното училиште во Дедебалци се одвива настава од прво до деветто одделение, додека во останатите настава од прво до петто одделение.[2]
Познати ученици
уреди- Г.Г. Стефан (р. 1955) - Архиепископ Охридски и Македонски.
Галерија
уреди-
Влезот на училиштето
-
Игралиште во дворот на училиштето
Наводи
уреди- ↑ „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-12-14.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „За нас...“. македонски: ОУ „Браќа Миладиновци - Добрушево. Посетено на 31 јули 2019.