Оливера Наковска-Бикова

Оливера Наковска-Бикова (р. 1974 г. во Битола) — македонска стреличарка.

Оливера Наковска-Бикова
Роден 1974
Битола, Македонија

ЖивотописУреди

Со основно и средно образование се стекнува во родниот град. Во 2001 г. во Данска станува првак на Европа во гаѓање со воздушен пиштол (златен медал). На Светското првенство одржано во Сеул, со 562 круга, Наковска станува најдобра во тричлениот состав кој го освои сребрениот медал. Наковска учествува и на Параолимпијадата во Атина во 2004 г., каде го освојува шестото место на натрпеварот со воздушен пиштол. На Светското првенство во Сарганс, Швајцарија, за само 0,1 круг не го освојува златниот медал, додека на Европскиот куп во Падова е прва со израмнет светски рекорд. Сето ова ѝ го носи првото место на светската ранг-листа во дисциплината воздушен пиштол. На Светското првенство во стрелаштво за спортисти со инвалидност во Загреб (2010), во дисциплината воздушен пиштол - жени, Оливера Наковска-Бикова во конкуренција од 26 натпреварувачки го освојува 3. место и бронзениот медал со резултат од 462, 4 круга (366 во основен дел). Со тоа обезбедува настап на Параолимписките игри во Лондон, во 2012 г.