Бурса

град во Турција

Бурса (турски: Bursa) — град во Мраморскиот регион во Турција и главен град на истоимената провинција. Бурса се наоѓа во северозападниот дел на Анадолија и е четврти најнаселен град во Турција и еден од најголемите градски центри во земјата.

Bursa
Град
Бурса
'
'
Bursa is located in Turkey
Bursa
Bursa
Местоположба на Бурса
Координати: 40°11′N 29°03′E / 40.183° СГШ; 29.050° ИГД / 40.183; 29.050
Земја Турција
РегионМраморен регион
ПокраинаБурса
Settled5200 BC
Управа
 • ГувернерИзетин Ќучук
 • ГрадоначалникРеџеп Алтепе
Површина
 • Град1.036 км2 (400 ми2)
Надм. вис.&10000000000000100000000100 м
Население (2015)[1][2]
 • Град2,340,000
 • Густина1.508,52/км2 (390,700/ми2)
 • Метро2,842,000
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Поштенски код16000
Повик. бр.(+90) 224
Регистарски  таблички16
Мреж. местоwww.bursa.bel.tr
Службен назив: Бурса и and Кумаликизик: Раѓање на Отоманското Царство'
Тип:Cultural
Критериуми:i, ii, iv, vi
Прогласено:2014 (38th session)
Број1452
Земја: Турција
Регион:Европа

Бурса бил вториот главен град на Османлиското Царство во приодот од 1335 до 1363 година. Во градот се наоѓаат гробниците на првите османлиски султани, како и бројни објекти изградени во текот на отоманскиот период. Освен тоа, во градот се наоѓаат неколку археолошки наоѓалишта, музеи и бањи. Градот бил познат како Худавендигар (отомански: خداوندگار) што во превод значи „Божји дар„ за време на отоманскиот период, додека поновиот прекар Јесил Бурса што значи во превод „Зелена Бурса“, градот го добил според своите паркови и градини кои се наоѓаат во рамките на градот, како и големата и разновидна шума на околниот регион. Во близина на градот се наоѓа ски-центар, на планината Улидаг. Планината од страна на Римјаните била позната како Мисијан. Бурса е исто така е дом на некои од најпознатите турски јадења. Во градот се наоѓа универзитетот Улудаг.

Во 2015 година, Бурса имал население од 2.340.000, додека провинцијата Бурса имала 2.842.000 жители.[1][2]

Историја

уреди

Римски период

уреди

Најраната позната населба која бил пронајдена во околината на градот датира од 5,200 години п.н.е. во Илипинар Хојуглу. Во следниот период овде се наоѓал градот Циус. Во 202 година п.н.е. Филип V Македонски градот го поклонил на кралот Прус I. Градот потоа е наречен по името на овој крал Пруса или Прусија.

Од 74 година градот станал дел од Римското Царство. Во текот на раниот римски период во регионот било пронајдено т.н. Пруско богатство кое денес се наоѓа во Британскиот музеј[3].

Во византиско време градот бил познат по топлите извори кои биле посетувани од страна на царевите, а денес истите се достапни за луѓето.

Отомански период

уреди

Бурса станал првиот голем главен град и втора престолнина на Османлиите, по нивното освојување на градот во 1326 година на сметка на Византија. Како резултат на тоа, градот во текот на 14 век започнал брзо да се развив[4] а. Во градот дошле голем број на турско население и урбанистички започнале да се градат џамии, палати и слично. По освојувањето Едрене во Источна Тракија, Османлиите својата престолнина ја префрлиле таму, но градот го задржал своето духовно и стопанско значење, Османлискиот султан Бајазит I го изградил Бајазитскиот комплекс во периодот од 1390 и 1395 година[5] и Големата џамија[6] помеѓу 1396 и 1400. Бурса останал да биде најважниот административен и трговски центар во империјата до Мехмед II кој го освоил Цариград во 1453 година. Бројот на населението во Бурса во 1487 година бил 45.000 жители[7].

За време на отоманскиот период, Бурса продолжила да биде извор на свила. Настрана од локалното производство на свила, градот увезовал сурова свила од Иран, а понекогаш и од Кина, и бил главен центар за производство за кафтани, перници, везови и други свила производи за османлиските палати до 17 век.

Турски период

уреди

По основањето на Република Турција во 1923 година, Бурса станал еден од поголемите индустриски центри во земјата. Економскиот развој на градот било проследено со пораст на населението и Бурса станала четврти најнаселен град во Турција.

Градот традиционално претставува точка на привлекување и бил главен центар за бегалци од различно етничко потекло кои емигрирале во Анадолија од Балканот за време на губењете на отоманските територии во Европа од крајот на 19 и почетокот на 20 век. Голем дел од балканските Турци биле протерани од Бугарија во времето на комунистичкиот режим во земјата. Се мсета дека нивниот број изнесувал околу 150.000 Бугарски Турци во Турција. Околу една третина од овие 150.000 бугарски турски бегалци на крајот се населиле во Бурса.

Географија

уреди

Бурса се наоѓа во северозападниот дел на Анадолија на падините на планината Улудаг во јужниот дел на Мраморскиот регион. Бурса е главен град на истоимената провинција и граничи со Јалова на север, Кочаели и Сакарја на североисток; Билечик на исток; и Ќутахја и Баликесир на југ.

Клима

уреди

Бурса има средоземна клима со сува топла летна умерена клима. Во градот има топли, суви лета, кои траат од јуни до септември. Зимите се ладни и влажни со најмногу врнежи од дожд. Обично снегот не се задржува повеќе од една недела.

Климатски податоци за Бурса (1950 - 2014)
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Највисока забележана °C (°F) 23.8
(74.8)
26.9
(80.4)
32.0
(89.6)
36.2
(97.2)
36.5
(97.7)
41.3
(106.3)
43.8
(110.8)
42.2
(108)
38.9
(102)
37.3
(99.1)
31.0
(87.8)
27.3
(81.1)
43.8
(110.8)
Прос. висока °C (°F) 9.6
(49.3)
10.9
(51.6)
13.7
(56.7)
18.8
(65.8)
23.7
(74.7)
28.4
(83.1)
30.8
(87.4)
30.9
(87.6)
27.1
(80.8)
21.7
(71.1)
16.3
(61.3)
11.7
(53.1)
20.3
(68.54)
Сред. дневна °C (°F) 5.4
(41.7)
6.3
(43.3)
8.4
(47.1)
12.8
(55)
17.5
(63.5)
22.1
(71.8)
24.6
(76.3)
24.2
(75.6)
20.1
(68.2)
15.2
(59.4)
10.7
(51.3)
7.4
(45.3)
14.56
(58.21)
Прос. ниска °C (°F) 1.7
(35.1)
2.2
(36)
3.6
(38.5)
7.2
(45)
11.2
(52.2)
14.9
(58.8)
17.1
(62.8)
17.1
(62.8)
13.5
(56.3)
9.9
(49.8)
6.0
(42.8)
3.6
(38.5)
9
(48.22)
Најниска забележана °C (°F) −19.2
(−2.6)
−16.8
(1.8)
−10.5
(13.1)
−3.1
(26.4)
0.9
(33.6)
4.0
(39.2)
9.0
(48.2)
8.6
(47.5)
4.4
(39.9)
−1.0
(30.2)
−5.4
(22.3)
−16.3
(2.7)
−19.2
(−2.6)
Прос. врнежи мм (ин) 87.1
(3.429)
74.5
(2.933)
69.8
(2.748)
63.2
(2.488)
44.7
(1.76)
33.8
(1.331)
15.5
(0.61)
15.9
(0.626)
39.1
(1.539)
68.2
(2.685)
79.0
(3.11)
105.0
(4.134)
695.8
(27.393)
Прос. бр. врнежливи денови 14.8 13.1 12.8 11.4 8.5 5.9 3.1 3.0 5.2 9.2 11.3 14.2 112.5
Сред. бр. сончеви часови месечно 111.6 90.4 127.1 162.0 232.5 285.0 325.5 313.1 228.0 167.4 123.0 111.6 2.277,2
Можен удел на сончевост 37.4 30.1 34.4 40.7 52.0 63.3 71.3 73.5 61.0 48.4 41.2 38.6 49.33
Извор: Turkish State Meteorological Service[8]

Економија

уреди
 
Трговски центар „Кент Мејдани“
 
Трговски центар „Зафер Плаза“

Со голем индустриски развој, Бурса е еден од најразвиените области во земјата. Бурса е центар на турската автомобилска индустрија[9][10] . Фабриките на моторни возила како Фиат, Рено, Карсан, како и производителите на автомобилски делови како Бош, Мако, Валео и Делпи се активни во градот со децении. Градот е најпознат по текстилот. Во минатото градот бил центар на производството на свила. Историјата на свилата започнува во Кина пред околу 2600 години. Легендата вели дека Хакан, цар во Туркистан, се оженил во 149 година п.н.е. за една кинеска принцеза. Таа не можела да го замисли животот без свила, затоа во својот турбан пренесела една свилена буба. Подоцна Хакан испратил во Бурса 400 занаетчии. За време на Османлиите, Бурса доставувала свила за османлискиот двор и за сите европски монарси.

Денес најпозната знаменитост поврзана со свилата е „Каза Ан“, кој од 1490 година е центар на трговијата со свила. Зградата располага со 95 соби. На горниот кат може да се купи речиси сè - од свилени марами до постелнина и облека со традиционалните турски мотиви. Денеска, во градот се одржува Саем на меѓународниот текстил. Освен автомобилска и текстилна индустрија, градот е познат и по производство на млечни производи[11], преработена храна[12] и пијалаци[13].

Сообраќај

уреди

Во Бурса градскиот сообрааќај се одвива преку метро, трамвај и автобус[14]. Аеродромот Јенишехир е оддалечен на 32 километри од градот. Населението на градот го користати и аеродромот во Истанбул, поради близината на Истанбул за Бурса. Постојат голем број на секојдневни линии помеѓу двата града со автобус и ферибот.

Образование

уреди
 
Универзитет Улудаг

Во градот се наоѓаат два државни и еден приватен универзитет. Универзитетот Улудаг, кој бил основан во 1975 година, е најстарата високообразовна институција во градот. Основан најпрвин како Универзитет Бурса[15], своето име го променил во 1982 година. Универзитетот има студентско тело од 47.000 ученици со што се вбројува меѓу најголемите универзитети во Турција. Техничкиот универзитет во Бурса е вториот државен универзитет основан во 2010 година[16].

Првиот приватен универзитет во градот е универзитет Орхангази, кој започнал со работа во академската година 2012-2013.

Спорт

уреди

Во градот има еден професионален фудбалски клуб, Бурсаспор, кој се натпреварува во турската Супер лига. Екипата своите натпревари на домашен терен ги игра на стадионот Тимсах, кој има капацитет од 45.000 гледачи. Бурсаспор ја освоил својата прва титула во сезоната 2009-10, со што станал втор анадолски клуб на кој му успеал тоа, по Tрабзонспор. Денес Бурсаспор се смета за еден од петте најголеми фудбалски клубови во Турција заедно со Галатасарај, Фенербахче, Бешикташ и Tрабзонспор.

Градот имал професионален кошаркарски тим кој се натпреварува во најсилната кошаркарска лига на земјата, КК Тофаш.

Знаменитости

уреди

Џамии

уреди
 
Големата џамија
 
Зелената џамија
 
Коза ан
 
Портата на тврдината во Вурса

Џамијата Улу Ками е најголемата џамија во Бурса и обележје на почетокот на отоманската архитектура во градот, со елементи на архитектурата на Селџуците. Џамијата била изградена во времето на султанот Бајазит I, додека била дизајнирана и изградена од архитектот Али Неџар во 1396-1400. Џамијата претставува голема и правоаголна зграда, со вкупно дваесет куполи кои се наредени во четири реда, и се поддржани од 12 столбови. Наводно дваесетте куполи биле изградени, наместо дваесет посебни џамии кои султанот Бајазит I ги ветил за победата во Битката кај Никопол во 1396 година. Џамијата има две минариња. Други џамии во градот се:

Пазари

уреди
  • Пазар Јилдерим
  • Коза Ан
  • Пиринч Ан

Историски споменици

уреди
  • Замок Бурса
  • Мост Ирганди

Музеи

уреди
  • Археолошки музеј
  • Градски музеј
  • Ататурк музеј
  • Музеј на турската архитектура
  • Музеј на исламската уметност

Паркови

уреди

Личности

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Turkey: Major cities and provinces“. citypopulation.de. Посетено на 2015-02-08.
  2. 2,0 2,1 „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-03-16. Посетено на 2016-10-13.
  3. „British Museum - Collection search: You searched for Bursa, tomb“. British Museum. Посетено на 25 May 2015.
  4. "In 1363 the Ottoman capital moved from Bursa to Edirne, although Bursa retained its spiritual and economic importance." Ottoman Capital Bursa Архивирано на 27 февруари 2021 г.. Official website of Ministry of Culture and Tourism of the Republic of Turkey. Retrieved 19 December 2014.
  5. „Bayezid I Complex“. ArchNet. Архивирано од изворникот на 2011-05-25. Посетено на 2009-06-28.
  6. „Great Mosque of Bursa“. ArchNet. Архивирано од изворникот на 2011-09-19. Посетено на 2009-06-28.
  7. The city in the Islamic world, Volume 1, ed. Salma Khadra Jayyusi, Renata Holod, Attilio Petruccioli, André Raymond, page 362.
  8. „Meteoroloji“ (турски). Посетено на 8 January 2016.
  9. „Turkey's automotive industry going nonstop“. Today's Zaman. 2007-05-05. Посетено на 2009-06-28.[мртва врска]
  10. „TAYSAD met its members from Bursa“. TAYSAD. 2008-02-08. Посетено на 2009-06-28.[мртва врска]
  11. „Sütaş Süt Ürünleri A.Ş.“. Sütaş Süt Ürünleri A.Ş. Посетено на 25 May 2015.
  12. „Tat“. Посетено на 25 May 2015.
  13. Uludağ Beverages
  14. DVV Media UK. „Bursa circular tramway opens“. Railway Gazette. Архивирано од изворникот на 2015-09-24. Посетено на 25 May 2015.
  15. „Bursa Teknik Üniversitesi“. Btu.edu.tr. Посетено на 2013-03-26.
  16. „Bursa Orhangazi Üniversitesi“. Bou.edu.tr. Архивирано од изворникот на 2013-03-18. Посетено на 2013-03-26.

Надворешни врски

уреди