Википедија:Викиекспедиции 2021
„Викиекспедиции“ |
Во текот на 2021 година биле организирани четири викиекспедиции, со кои биле опфатени следните области:
- Повардарие — дводневна експедиција (21-23 мај);
- Битолско Мариово и Селечка Планина — дводневна експедиција (18-20 јуни);
- Бушева Планина и Прилепско Поле — дводневна експедиција (27-29 август); и
- Радовишко — дводневна експедиција (25-26 септември).
Прва експедиција
уредиПовардарие
уредиВо 2021 година, со смирувањето на третиот бран од пандемијата на коронавирусот, нашите експедиции започнавме да ги реализираме според предвиденото.
Попладнето на 21 мај 2021 година (петок), членовите Ehrlich91, Kiril Simeonovski, Полупрофесионален Шофер и Деан Лазаревски се упатиле кон градот Демир Капија. Демир Капија била избрана за сместување, поради неговата близина на селата предвидени за посета со оваа експедиција.
Прв ден
уредиПо појадокот во винаријата „Кралица Марија“, каде што бевме сместени и купувањето на основните намирници, се упативме преку стариот пат Демир Капија-Гевгелија, со цел најпрвин да ги опфатиме преостанатите села од Општина Гевгелија, кои не биле посетени за време на експедицијата во областа Бојмија во 2017 година. Се упативме по стариот регионален пат Демир Капија-Удово, наместо по автопатот. На патот бевме застанати од полициска патрола за редовна сообраќајна контрола, како и поради зголемиот број на мигранти во подрачјето, со што тоа веќе ни беше втора сообраќајна контрола на експедицијата, откако и вечерта пред пристигнувањето во нашето сместување бевме застанати од полиција.
Први на список ни беа селата Петрово и Габрово, до кои води асфалтен пат од селото Миравци. Во Петрово на самиот влез забележавме црква за која немавме податоци дека постои, за која мештаните подоцна ни потврдија дека се работи за црквата „Св. Атанасиј“, кои тие ја именуваат како манастир. Петрово се забележуваше дека некогаш било големо село. Во Габрово најпрвин се упативме кон малото Габрешко Езеро, до кое води земјен пат од самото село Габрово. На сретселото се наоѓа нивната единствена црква, заедно со споменикот за борците од НОБ. Во атарот на селото Габрово го посетивме и туристичкото место „Бел Рај“, кое се наоѓа на Стара Река. Бел Рај станал доста познат поради бројните техно-журки кои се организирале на ова место. На враќањето од Габрово го посетивме и езерото кај Миравци, кое е направено со земјена брана. Во Миравци го најдовме и училиштето, од кое немавме ниту една фотографија. Понатаму, продолживме кон селото Милетково, каде ги фотографиравме селската црква и селското училиште, по што се упативме кон манастирот во Давидово, каде сега има нов асфалтен пат и со што ја заокруживме посетата на преостанатите села од Општина Гевгелија.
Откако го завршивме и последното село во Општина Гевгелија, преку Удово се приклучивме на стариот регионален пат и по пат се обидовме да го фотографираме селото Кошарка, за кое подоцна утврдивме дека куќите покрај патот се само дел од селото, а дека првичното село се наоѓало доста погоре во планината. По патот застанавме само уште помеѓу двата тунели во Демиркаписката Клисура, кои се пресечени од Челевечка Река.
Потоа, наместо кон градот продолживме кон селото Челевец, до кое води мешан земјено-асфалтен пат од селото Корешница. Во селото ги фотографиравме селската џамија и училиштето. Сфаќајќи дека за селото Иберли води целосно различен пат, кој беше целосно земјен, се откажавме од посета на тоа село, како и на првичното село на Кошарка, и се вративме во селото Корешница. Во Корешница брзо се снајдовме бидејќи црквата и џамијата се една до друга, а училиштето е на самото сретсело. Од Корешница се придвиживме кон селото Бистренци, во кое има зачувана католичка црква изградена од доселени Словенци во времето на Кралството СХС. Од православната селска црква, за која водеа повеќе земјени патишта, продолживме и кон некогашната положба на селото Дублино.
Враќајќи се повторно во градот Демир Капија, продолживме кон селото Клисура, до кое може да се стигне преку некогашниот пат Демир Капија-Удово, кој е во лоша состојба и води долж железничката пруга на десниот брег на реката Вардар. Селото Клисура е доста пропаднато и се останати одвај неколку куќи во него, но сепак е зачувана селската црква, селската чешма, а селото добива на значајност по Долината на кактусите, што се наоѓа над селската црква. Ние кога бевме глетката на кактусите не беше особено впечатлива, поради тоа што не беа расцветани. Додека да успееме да ги најдеме самите кактуси потрошивме доста време што со автомобил, што пеш, бидејќи се лошо означени на картите.
Денот го завршивме со посета на селата Бесвица и Барово, до кое води стар земјен пат со многу карпи и камења и поради што движењето беше доста отежнато и патувањето до двете села ни одзема доста време. Двоењето за раселеното село Стрмашево е од овој пат, но се откажавме од посета на ова село, затоа што беше крај на денот и не знаевме што не очекува до него. Селото Бесвица има разрушена џамија, како и стар чинар на самото сретсело, додека во Барово успеавме да ја пронајдеме главната селска црква, иако одвај и да имаше некаков сигнал на нашите мобилни телефони.
Втор ден
уредиВториот ден го започнавме во близина на градот Демир Капија, кога се упативме кон посета на селото Копришница, кое е поврзано со лош земјен пат од селото Дрен. Копришница е напуштено село, во кое се останати одвај неколку куќи и главната селска црква, која е добро уредена и дури има поставено сончеви плочи на нејзиниот покрив. Над селото се наоѓаат и Копришките Водопади, но ние за жал се откажавме од нивна посета, бидејќи беа оддалечени дополнителни 6 километри од селото. Исто така, над селото се наоѓа и месноста Кинески колиби, длабоко во планината. Откако се симнавме од Копришница застанавме кај Дренското Езеро, мало вештачко езеро над селото Дрен. Потоа, во селото Дрен ги најдовме двете селски цркви, од кои едната е сместена надвор од селото во длабока шума.
Продолживме со посета на месноста Топли Вирови, дел од атарот на селото Чифлик, каде се наоѓа маалото Дошница. Месноста Топли Вирови е сместена на реката Дошница, каде се наоѓаат бројни вирови опградени со големи камења, чија вода брзо се загрева на сонцето во Демиркаписко. Во непосредна близина на маалото Дошница се наоѓа и една од најстарите хидроцентрали во Македонија, ХЕЦ „Дошница“. Откако завршивме со хидроцентралата, сакавме да отидеме до селото Драчевица и иако видовме дека има пат од самата централа, сепак се одлучивме да одиме кон селото од земјениот пат кај Чифлик, што се покажа за полош пат. До Драчевица, исто така, води земјен пат, кој е во подобра состојба отколку оној до Копришница. Драчевица се издига високо на планината, а од патот до селото се пружа убав поглед кон Баровската Клисура на реката Бошава, каде го завршивме првиот ден. Откако се спуштивме од Драчевица, продолживме кон селото Чифлик, кое поседува една црква на самиот пат.
По Чифлик, минувајќи низ Демир Капија, се упативме по стариот регионален пат Демир Капија-Неготино, со цел да го фотографираме последното демиркаписко село Прждево. Селото е сместено во дол помеѓу два рида, делува несредено и нечисто, а топлото време и бројните инсекти ја направи посетата на селото неподнослива. Набрзина ја сликавме селската црква, а од училиштето направивме фотографија од далечина и се упативме кон селата од Општина Неготино.
Преку надвозникот на автопатот и покрај ТЕЦ „Неготино“ се упативме кон малото село Дуброво, а подоцна продолживме кон селото Војшанци, кое поседува подрачно училиште и црква од поново време, бидејќи селото во минатото било муслиманско. Од Војшанци се упативме кон селото Калањево, сместено високо на планината Серта, до кое безмалку до самото село води асфалтен пат. Селото, кое денес е скоро целосно напуштено, поседува повеќе издвоени маала и чешми, а црквата „Св. Петка“ се наоѓа високо на еден рид, до која на крај не отидовме, туку само ја фотографиравме од далечина, мислејќи дека Кирил ја посетил црквата претходно. На спустот кон Војшанци, се упативме кон малото село Липа, кое поседува мало езеро со брана во негова близина.
Откако се вративме повторно во Војшанци, се упативме преку градот Неготино до селото Вешје, со цел јужниот дел на општината да биде целосно опфатена. Во селото ја затекнавме разрушената црква „Св. Илија“, а го пронајдовме и обновеното училиште на влезот во селото.
На крај преку градот се упативме кон селото Црвени Брегови, до кое пристапивме преку земјен пат преку автопатот, каде го фотографиравме училиштето и железничката станица. Како последно село од оваа експедиција ни беше селото Курија.
Исход
уредиСо фотографирани 22 нови села, 3 повторно посетени, 1 историско село и поминати над 500 километри, експедицијата која беше на поголемо географско подрачје од вообичаено можеме да ја прогласиме за успешна.
- Статии
Број | Статија | Фотографија | Предмет на Википодатоци | Забелешки |
---|---|---|---|---|
1. | Барово (Демиркаписко) — село | Q2884879 | значително подобрена статија | |
2. | Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Барово — црква | Q20498590 | нова статија | |
3. | Бесвица — село | Q2900015 | значително подобрена статија | |
4. | Демиркаписка парохија — црковна парохија | Q31360293 | значително подобрена статија | |
5. | Бистренци — село | Q2904791 | значително подобрена статија | |
6. | ПУ „Димче Ангелов-Габерот“ - Бистренци — основно училиште | Q108289216 | нова статија | |
7. | Црква „Св. Петка“ - Бистренци — црква | Q12911917 | значително подобрена статија | |
8. | Црква „Св. Јосиф“ - Бистренци — католичка црква | Q106925402 | нова статија | |
9. | Џамија (Бистренци) — џамија | Q108288960 | нова статија | |
10. | Дублино — историско село | Q12279189 | значително подобрена статија | |
11. | Драчевица (Демиркаписко) — село | Q3039152 | значително подобрена статија | |
12. | Црква „Св. Димитриј“ - Драчевица — црква | Q20498076 | нова статија | |
13. | ХЕЦ „Дошница“ — хидроелектрична централа | Q20568877 | значително подобрена статија | |
14. | Дрен (Демиркаписко) — село | Q3039334 | значително подобрена статија | |
15. | Црква „Св. Никола“ - Дрен (Демиркаписко) — црква | Q106936396 | нова статија | |
16. | Црква „Св. Илија“ - Дрен (Демиркаписко) — црква | Q20575529 | значително подобрена статија | |
17. | Дренско Езеро — езеро | Q108536656 | нова статија | |
18. | Клисура (Демиркаписко) — село | Q657863 | значително подобрена статија | |
19. | Црква „Св. Никола“ - Клисура — црква | Q12911880 | значително подобрена статија | |
20. | Црква „Св. Талалеј“ - Клисура — црква | Q12911954 | значително подобрена статија | |
21. | Старата Река — река | Q20940101 | нова статија | |
22. | Долина на кактусите — месност | Q108583583 | нова статија | |
23. | ПУ „Димче Ангелов-Габерот“ - Корешница — основно училиште | Q108546073 | нова статија | |
24. | ПУ „Димче Ангелов-Габерот“ - Прждево — основно училиште | Q108546102 | нова статија | |
25. | ПУ „Димче Ангелов-Габерот“ - Челевец — основно училиште | Q108546124 | нова статија | |
26. | Копришница — село | Q3135622 | значително подобрена статија | |
27. | Црква „Св. Ѓорѓи“ - Копришница — црква | Q108601561 | нова статија | |
28. | Корешница — село | Q3084612 | значително подобрена статија | |
29. | Црква „Вознесение Христово“ - Корешница — црква | Q20568968 | значително подобрена статија | |
30. | Џамија (Корешница) — џамија | Q106936775 | значително подобрена статија | |
31. | Валандовска Котлина — поле | Q12905422 | подобрена статија | |
32. | Кошарка (село) — село | Q3073200 | значително подобрена статија | |
33. | Прждево — село | Q3072887 | значително подобрена статија | |
34. | Црква „Св. Атанасиј“ - Прждево — црква | Q12911747 | нова статија | |
35. | Црква „Св. Атанасиј“ - Чифлик — црква | Q12911746 | нова статија | |
36. | Челевец — село | Q3135774 | значително подобрена статија | |
37. | Џеват-турканова џамија (Челевец) — џамија | Q108754639 | нова статија | |
38. | Челевечка Река — река | Q20940071 | подобрена статија | |
39. | Топли Вирови — месност | Q108765684 | нова статија | |
40. | Клисурски манастир — манастир | Q108764735 | нова статија | |
41. | Чифлик (Демиркаписко) — село | Q3072852 | значително подобрена статија | |
42. | Габрово (Гевгелиско) — село | Q3094160 | значително подобрена статија | |
43. | Црква „Св. Атанасиј“ - Габрово — црква | Q20500048 | нова статија | |
44. | Габрешко Езеро — езеро | Q108799482 | нова статија | |
45. | Давидово — село | Q3019136 | подобрена статија | |
46. | Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Давидово — црква | Q15763086 | значително подобрена статија | |
47. | Црква „Св. Илија“ - Давидово — црква | Q12911831 | значително подобрена статија | |
48. | Давидовски манастир — манастир | Q108812539 | нова статија | |
49. | Миравска парохија — црковна парохија | Q23000031 | нова статија | |
50. | Милетково — село | Q3134962 | значително подобрена статија | |
51. | ПУ „Климент Охридски“ - Милетково — основно училиште | Q108845233 | нова статија | |
52. | Црква „Св. Петка“ - Милетково — црква | Q20499334 | нова статија | |
53. | Миравци — село | Q3084593 | подобрена статија | |
54. | Бел Рај — месност | Q108847526 | нова статија | |
55. | Миравци (езеро) — езеро | Q108847261 | нова статија | |
56. | ОУ „Климент Охридски“ - Миравци — основно училиште | Q12909187 | значително подобрена статија | |
57. | Стара Река (Милеткова) — река | Q20936169 | подобрена статија | |
58. | Црква „Св. Атанасиј“ - Петрово — црква | Q108834727 | нова статија | |
59. | Црква „Вознесение Христово“ - Петрово — црква | Q20501010 | нова статија | |
60. | Петрово — село | Q743033 | значително подобрена статија | |
61. | Вешје — село | Q3073706 | значително подобрена статија | |
62. | Црква „Св. Илија“ - Вешје — црква | Q20498484 | нова статија | |
63. | Војшанци — село | Q3072562 | значително подобрена статија | |
64. | Црква „Св. Петка“ - Војшанци — црква | Q12911919 | значително подобрена статија | |
65. | ПУ „Страшо Пинџур“ - Војшанци — основно училиште | Q108888781 | нова статија | |
66. | Дуброво — село | Q3037836 | значително подобрена статија | |
67. | Курија — село | Q3086030 | значително подобрена статија | |
68. | Црква „Св. Ѓорѓи“ - Курија — црква | Q12911693 | значително подобрена статија | |
69. | ПУ „Гоце Делчев“ - Курија — основно училиште | Q108916097 | нова статија | |
70. | Црвени Брегови — село | Q3073625 | значително подобрена статија | |
71. | ЖС „Црвени Брегови“ — железничка станица | Q108975498 | нова статија | |
72. | ПУ „Страшо Пинџур“ - Црвени Брегови — основно училиште | Q108974589 | нова статија | |
73. | Габрешка Река — река | Q20939823 | значително подобрена статија | |
74. | Црква „Св. Атанасиј“ - Липа — црква | Q109062279 | нова статија | |
75. | Црква „Св. Петка“ - Калањево — црква | Q109062284 | нова статија | |
76. | Удово — село | Q3135055 | подобрена статија | |
77. | Калањево — село | Q3073212 | значително подобрена статија | |
78. | Петрушка Река — река | Q20933130 | нова статија | |
79. | Бошава — река | Q2908304 | подобрена статија | |
80. | Баровска Клисура — клисура | Q109248191 | подобрена статија | |
81. | Тимјаничка парохија — црковна парохија | Q19882966 | подобрена статија | |
82. | Липа (село) — село | Q3073609 | значително подобрена статија | |
83. | Липово Езеро — езеро | Q109289693 | нова статија | |
84. | Демир Капија — град | Q1014699 | подобрена статија | |
85. | Винарска визба „Вила Марија“ — винарска визба | Q61119897 | значително подобрена статија | |
86. | Бошавија — област | Q109335378 | нова статија | |
87. | Дошница — река | Q3402803 | подобрена статија |
Фотографии
уредиСите фотографии направени за време на викиекспедицијата се достапни во следнава категорија:
- Повардарие на Ризницата ?
Втора експедиција
уредиБитолско Мариово и Селечка Планина
уредиЗа втората експедиција долго време ја следевме временската прогноза, бидејќи јуни се погоди да биде особено нестабилен. Така, иако имаше најави за локални врнежи во одреден дел од викендот, се одлучивме да појдеме на 18 јуни кон Битола, како најблизок град до селата кои биле предвидени за посета во експедицијата.
Се одлучивме да се сместиме во новоотворен хотел во самото средиште на градот, како и поради тоа што нудеше појадок, со што ни се скратуваше времето за поаѓање.
Прв ден
уредиПрвиот ден се одлучивме да започнеме со најоддалечените села од областа, односно да појдеме длабоко во Битолско Мариово. Од Битола до селото Градешница има 55 километри возејќи по добар асфалтен пат на делови обновен во поново време, особено после Рапеш.
Како прво село во кое влеговме беше Будимирци, односно историското село Трново со својот Трновски манастир, сместено надвор од денешното село Будимирци. Како и до Будимирци, така и до манастирот, води земјен пат, кој е во релативно добра состојба и на моменти добро израмнет. Будимирци оддава впечаток на Галичник поради неговата местоположба и со своите две реки, Трновчица и Бела Река, дефинитивно треба да го посетите.
По Будимирци влеговме во селото Градешница, каде буквално имавме многу работа, бидејќи селото поседува многу цркви раштркани насекаде низ селото. Најпрвин застанавме на влезот во селото, каде поминува Градешка Река, која ја имаме посетено во текот на 2015 година на нашата експедиција во Мариово. Веднаш потоа е црквата „Св. Димитриј“, која претставува културно наследство на Македонија и е навистина добро зачувана. На сретсело ги сретнавме моторџиите кои првпат ги видовме во селото Будимирци. На сретселото се наоѓа статуата на коњ изработена од куршуми од Првата светска војна, спомен-чешмата за загинатите во НОБ, како и преубавата црква „Св. Никола“, која поседува извонреден фрескоживопис. Потоа, продолживме кон месноста Темнички Вир, каде пронајдовме уште три помали цркви, каде што се претпоставува дека имало римски вили во минатото. Откако се вративме на сретсело, се упативме високо над селото до Бренскиот манастир наречен по месноста каде што се наоѓа. Оттаму, продолживме по земјениот пат до црквата „Св. Атанасиј“, која делува голема, но која е целосно празна во внатрешноста и делува недовршено.
По деталното прочешлување на селото Градешница, преминавме во селото Старавина, кое до 2004 година претставувало општинско седиште за селата од битолскиот дел на Мариово. Во селото и денес се наоѓаат бројни општествени објекти, како и воени објекти. Селото поседувало и големо училиште, кое денес пропаѓа и е целосно обраснато. На влезот во селото се наоѓа Горна црква, недоизградена спомен-капела како онаа на Кајмакчалан, започната за време на Кралството Југославија. Во самото село е сместена главната селска црква, до која се наоѓа и обновената спомен-куќа за Калеш Анѓа. Посетата на селото ја заокруживме со посета на новиот Старавински манастир сместен на рид надвор од селото, на местото каде патот се исклучува за селото Будимирци.
Кратко откако се вративме на регионалниот пат свртевме по земјениот пат кон селото Груништа. Патот не е препорачлив за ниски возила. На самиот влез во селото се наоѓа Грунишкиот манастир, мал манастир подигнат во 1926 година од извесен Ристе. До главната селска црква „Св. Димитриј“ имавме мака да го пронајдеме вистинскиот пат преку долот поради големата вегетација, но сепак на крајот успеавме да дојдеме до нејзе.
Откако се вративме повторно на асфалтниот регионален пат, скршнавме за познатото село Зовиќ, во кое се наоѓа Камениот мост под кој поминува Градешка Река, каде можеби е и поубава отколку во Градешница. Селото всушност е посетено по вторпат од наша страна, откако во 2015 година го посетивме пеш за време на експедицијата во Мариово. Овојпат се задржавме повеќе да го најдеме и посетиме историското село Чебрен од кое е останат самиот Чебренскиот манастир, до кој води исклучително лош земјен пат. На половина пат го оставивме возилото и двајца членови пеш се упатиле до манастирот. Манастирот е сместен на самиот брег на Црна и иако полуразрушен, и денес може да се види неговата монументалност, која ја поседувал во минатото како еден од главните духовни центри.
Откако заврши епопејата до Чебренскиот манастир, повторно се вративме на асфалтниот пат, но само за кратко, бидејќи моравме повторно да се исклучиме по земјен пат за селото Брник. Селото е едно од ретките во државата, до кое никогаш не ни била спроведена електрична енергија. Сепак, во селото се наоѓа зачувана црквата „Св. Димитриј“, а во самото село уште постојат десетици куќи. Во близина на селото се наоѓа и слабо познатиот Брнички Водопад, до кој поради немање време не отидовме, иако заслужува поголемо внимание од целокупната јавност.
Откако се вративме на асфалтниот пат, конечно имавме лесно село за посета, а тоа е селото Рапеш. Веднаш на сретсело се наоѓа самата црква, која интересно носи две имиња.
Од Рапеш продолживме кон селото Маково, кое исто како Рапеш се наоѓа на самиот регионален пат, и брзо ги пронајдовме двете селски цркви. Како последно село за првиот ден беше селото Орле и денот го затворивме со посета на неговата селска црква, која е доста голема и интересна, доминирајќи на ридот надвор од селото.
Втор ден
уредиВториот ден го започнавме со посета на општинското седиште, Новаци, започнувајќи со посета на Новачкиот манастир, кој се наоѓа пред влезот на селото. Изграден во поново време, но оддава впечаток со својот убав и одржуван двор, како и големата манастирска црква. Одминувајќи го Новаци, продолживме кон селата Долно и Горно Агларци, кои ги делат основното училиште и селската црква, сместени на подеднаква оддалеченост од двете села. Откако влеговме и поединечно во двете села, продолживме кон селото Добромири, во кое ги фотографиравме селската црква и основното училиште. Откако се вративме повторно во Новаци, продолживме со фотографирање на самото село, односно централното училиште, општинските установи сместени во Новаци, како и главната селска црква „Св. Атанасиј“, сместена до самото училиште.
Од Новаци продолживме по регионалниот пат за Мариово, овојпат да дојдеме до селата Арматуш и Мегленци. Иако живо село, Арматуш не поседува други објекти, додека во Мегленци се наоѓа мало езеро и селска црква. До двете села води асфалтен пат.
Кратко откако се вративме на регионалниот пат, скршнавме повторно десно кон Суводолскиот манастир, претходно фотографирајќи куќи во атарот на некогашното село Суводол. Во атарот на селото влегува и вештачкото Суводолско Езеро. Преку браната на езерото води патот за селото Паралово, но бидејќи беше поставена рампа се збунивме и продолживме преку патот за механизацијата за јагленокопите за РЕК „Битола“, со што имавме среќа што не заглавивме во калта од камионите. Во Паралово веднаш се упативме кон Параловскиот манастир, кој е еден од поубавите во Македонија и во кој се наоѓа гробот на Ѓорѓи Сугарев. Од манастирот се пружа одличен поглед на долниот дел на Пелагонија. Спуштајќи се од манастирот, дојдовме и до главната селска црква во Паралово. Подоцна, поучени од доаѓањето, се вративме преку браната на езерото, што е официјалниот пат за селото.
Само по кратко растојание на регионалниот пат скршнавме десно кон селото Долно Орехово, од каде води земјен пат за селото Грумази, во кое имавме потешкотија да ја пронајдеме селската црква и до која на крај повторно дојдовме пеш. За нејзиното име има различни мислења според тоа што е запишано во литературата и тоа што беше на терен забележано од нас. Самото село Грумази е скоро целосно раселено, иако имаше доста раздвиженост во поглед на земјоделска механизација на патот до него и назад. Во Ореховскиот манастир се одлучивме да направиме пауза за денот, но бевме принудени да ја скратиме, поради тоа што надоаѓаше невреме. Скоро во услови на дожд ја фотографиравме главната селска црква и самото село и моравме да го промениме планот за посета на денот.
Следејќи ги временските услови на лице место, одлучивме да се упатиме кон селото Бач на крајниот југ без никакво стопирање попатно. Во Бач направивме и мала пауза засолнувајќи се идеално со возилото за да прекине дождот кој уште траеше. За време на паузата можевме да ја проследиме неделната трка на Формула 1. Бач, кое некогаш било општинско седиште, поседува бројни општествени установи и се гледа дека било богато село во минатото. Од него продолживме кон селото Добровени, во кое се наоѓаат српски воени гробишта околу селската црква.
Од Добровени се придвиживме кон селото Скочивир, долж текот на Црна, каде најпрвин ги посетивме српските воени гробишта, а подоцна и самото село. Селото е скоро целосно напуштено. Во него се наоѓа поранешна касарна на АРМ, која сега се употребува како планинарски дом. Надвор од селото се наоѓа Скочивирскиот манастир, кој е еден од најсредените во овој дел и е доста посетуван. Кај манастирот е поставен и крст. Во непосредна близина на селото се наоѓа излетничкото место „Коњарка“, сместено на истоимената река, до кое води нов асфалтен пат и е уредено од страна на општината.
По кратката пауза на излетничкото место се упативме кон селото Живојно, сместено на самиот југ на нашата држава и непосредно до границата со Грција. Во селото се наоѓаат рушевини од минаре, а во него има две цркви, при што манастирската црква доминира на ридот над селото.
Откако завршивме со селото Живојно, продолживме кон селата кои за време на невремето само ги поминавме. Започнавме од селото Брод, кое во Првата светска војна било особено значајно бидејќи кај него се водела Битката на свиокот на Црна. Во непосредна близина на селото се наоѓа ископот Брод-Гнеотино. На пат кон селото Гнеотино, најпрвин стигнавме до новиот Гнеотински манастир, кој е во изградба и е подигната само манастирската црква. Во самото село има стара селска црква. По Гнеотино, следуваше селото Рибарци, каде некогаш се наоѓало Рибарско Блато, дел од Пелагониското Езеро, по кое селото и го добило своето име. Ова село беше последно на нашиот список за оваа експедиција.
Исход
уредиСо фотографирани 25 нови села, 2 повторно посетени, 1 историско село и поминати над 700 километри, како и рекордно подигнати 736 фотографии, експедицијата беше и повеќе од успешна.
- Статии
Број | Статија | Фотографија | Предмет на Википодатоци | Забелешки |
---|---|---|---|---|
1. | Трновчица — река | Q61120613 | подобрена статија | |
2. | Бела Река (Ниџева) — река | Q61121162 | значително подобрена статија | |
3. | Трновски манастир (Мариово) — манастир | Q109408122 | нова статија | |
4. | Црква „Св. Димитриј“ - Будимирци — црква | Q109408674 | нова статија | |
5. | Црква „Св. Никола“ - Будимирци — црква | Q20499026 | нова статија | |
6. | Градешка Река — река | Q12905849 | подобрена статија | |
7. | Црква „Св. Никола“ - Градешница — црква | Q109409341 | нова статија | |
8. | Црква „Св. Димитриј“ - Градешница — црква | Q20498005 | значително подобрена статија | |
9. | Црква „Вознесение Христово“ - Градешница — црква | Q109409728 | нова статија | |
10. | Црква „Св. Антониј“ - Градешница — црква | Q109409741 | нова статија | |
11. | Црква „Св. Ѓорѓи“ - Градешница — црква | Q109409761 | нова статија | |
12. | Бренски манастир — манастир | Q108900933 | нова статија | |
13. | Црква „Св. Илија“ - Градешница — црква | Q43937927 | нова статија | |
14. | Црква „Св. Атанасиј“ - Градешница — црква | Q109409881 | нова статија | |
15. | Арматуш — село | Q2862113 | значително подобрена статија | |
16. | Бач — село | Q2891106 | значително подобрена статија | |
17. | Брник — село | Q2925816 | значително подобрена статија | |
18. | Брод (село) — село | Q3078088 | значително подобрена статија | |
19. | Будимирци — село | Q2921481 | значително подобрена статија | |
20. | Гнеотино — село | Q3073911 | значително подобрена статија | |
21. | Горно Агларци — село | Q3111342 | значително подобрена статија | |
22. | Градешница — село | Q2916581 | значително подобрена статија | |
23. | Грумази — село | Q3117296 | значително подобрена статија | |
24. | Груништа — село | Q3074183 | значително подобрена статија | |
25. | Горна црква — црква | Q81917590 | нова статија | |
26. | Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Старавина — црква | Q20499949 | нова статија | |
27. | Старавински манастир — манастир | Q22894270 | нова статија | |
28. | Црква „Св. Атанасиј“ - Старавина (стара) — црква | Q109600095 | нова статија | |
29. | Црква „Св. Атанасиј“ - Старавина (нова) — црква | Q109600177 | нова статија | |
30. | Куќа на Калеш Анѓа — куќа | Q109600248 | нова статија | |
31. | Пешта (Старавина) — археолошко наоѓалиште | Q20569800 | значително подобрена статија | |
32. | Планинарски дом „Старавина“ — планинарски дом | Q109616265 | нова статија | |
33. | Грунишки манастир — манастир | Q109610595 | нова статија | |
34. | Црква „Св. Петка“ - Груништа — црква | Q109610673 | нова статија | |
35. | Црква „Св. Димитриј“ - Груништа — црква | Q20498022 | нова статија | |
36. | Добровени — село | Q3033421 | значително подобрена статија | |
37. | Добромири — село | Q3033405 | значително подобрена статија | |
38. | Долно Агларци — село | Q3034200 | значително подобрена статија | |
39. | Црква „Св. Никола“ - Зовиќ — црква | Q20499552 | значително подобрена статија | |
40. | Црква „Св. Атанасиј“ - Зовиќ — црква | Q20500176 | значително подобрена статија | |
41. | Камен мост (Зовиќ) — мост | Q20569559 | подобрена статија | |
42. | Фреска на Свети Ѓорѓи (Зовиќ) — фреска | Q109638982 | нова статија | |
43. | Црква „Св. Димитриј“ - Брник — црква | Q20497948 | нова статија | |
44. | Рапешки мост — мост | Q109643962 | нова статија | |
45. | Рапешко Езеро — езеро | Q109643997 | нова статија | |
46. | Црква „Св. Петка“ - Рапеш — црква | Q109643928 | нова статија | |
47. | Долно Орехово — село | Q3034227 | значително подобрена статија | |
48. | Живојно — село | Q645239 | значително подобрена статија | |
49. | Зовиќ — село | Q3408424 | значително подобрена статија | |
50. | ПУ „Славко Лумбарковски“ - Рапеш — училиште | Q109682145 | нова статија | |
51. | Маковска Река — река | Q20933755 | нова статија | |
52. | Маковски манастир — манастир | Q109683304 | нова статија | |
53. | Црква „Св. Петка“ - Маково — црква | Q109683333 | нова статија | |
54. | Црква „Св. Архангел Михаил“ - Маково — црква | Q20499777 | нова статија | |
55. | Црква „Св. Недела“ - Орле — црква | Q109683554 | нова статија | |
56. | Старавинска парохија — парохија | Q109683588 | нова статија | |
57. | Маково — село | Q3136357 | значително подобрена статија | |
58. | Новачки манастир — манастир | Q109732930 | нова статија | |
59. | Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Новаци — црква | Q109732956 | нова статија | |
60. | ПУ „Славко Лумбарковски“ - Агларци — училиште | Q109732979 | нова статија | |
61. | Црква „Св. Петар и Павле“ - Горно Агларци — црква | Q20498461 | нова статија | |
62. | ПУ „Славко Лумбарковски“ - Добромири — училиште | Q109733028 | нова статија | |
63. | Црква „Св. Никола“ - Добромири — црква | Q20499481 | нова статија | |
64. | ОУ „Славко Лумбарковски“ - Новаци — училиште | Q12909230 | значително подобрена статија | |
65. | Црква „Св. Атанасиј“ - Новаци — црква | Q20500305 | нова статија | |
66. | Мегленско Езеро — езеро | Q109744175 | нова статија | |
67. | Црква „Св. Никола“ - Мегленци — црква | Q109744210 | нова статија | |
68. | Суводолски манастир (Битолско) — манастир | Q109744258 | нова статија | |
69. | Црква „Св. Никола“ - Суводол (Битолско) — црква | Q109744332 | нова статија | |
70. | Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Паралово — црква | Q109744371 | нова статија | |
71. | Параловски манастир — манастир | Q12289932 | нова статија | |
72. | Црква „Св. Ѓорѓи“ - Паралово — црква | Q109744580 | нова статија | |
73. | Суводолско Езеро — езеро | Q109744622 | нова статија | |
74. | Црква „Св. Никола“ - Грумази — црква | Q109744720 | нова статија | |
75. | Ореховски манастир — манастир | Q109744736 | нова статија | |
76. | Црква „Св. Филип“ - Долно Орехово — црква | Q109744762 | нова статија | |
77. | Црква „Св. Теодор Тирон“ - Долно Орехово — црква | Q109744774 | нова статија | |
78. | Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Бач — црква | Q20497823 | значително подобрена статија | |
79. | ПУ „Славко Лумбарковски“ - Бач — училиште | Q109747846 | нова статија | |
80. | Црква „Св. Димитриј“ - Добровени — црква | Q109747898 | нова статија | |
81. | Српски воени гробишта (Добровени) — гробишта | Q38684998 | нова статија | |
82. | Мегленци — село | Q3136028 | значително подобрена статија | |
83. | Новаци — село | Q3086082 | значително подобрена статија | |
84. | Орле — село | Q3073887 | значително подобрена статија | |
85. | Паралово — село | Q3074368 | значително подобрена статија | |
86. | Рапеш — село | Q3074160 | значително подобрена статија | |
87. | Црква „Св. Петка“ - Скочивир — црква | Q64786267 | нова статија | |
88. | Црква „Св. Архангел Михаил“ - Скочивир — црква | Q109830408 | нова статија | |
89. | Скочивирски манастир — манастир | Q20497242 | нова статија | |
90. | Српски воени гробишта (Скочивир) — гробишта | Q61128303 | нова статија | |
91. | Коњарска Река — река | Q12907859 | значително подобрена статија | |
92. | Коњарка (излетничко место) — излетничко место | Q61361172 | подобрена статија | |
93. | Планинарски дом „Скочивир“ — планинарски дом | Q109852199 | нова статија | |
94. | Црква „Вознесение Христово“ - Живојно — црква | Q20501005 | нова статија | |
95. | Живојнски манастир — манастир | Q109852237 | нова статија | |
96. | Црква „Св. Илија“ - Живојно — црква | Q109852248 | нова статија | |
97. | Црква „Св. Никола“ - Брод — црква | Q20499017 | нова статија | |
98. | Црква „Св. Стефан“ - Гнеотино — црква | Q109852271 | нова статија | |
99. | Гнеотински манастир — манастир | Q109852279 | нова статија | |
100. | Црква „Св. Никола“ - Гнеотино — црква | Q109852292 | нова статија | |
101. | Црква „Св. Ѓорѓи“ - Рибарци (Битолско) — црква | Q20497722 | нова статија | |
102. | ПУ „Славко Лумбарковски“ - Рибарци — училиште | Q109852310 | нова статија | |
103. | Кољо Добровенски — револуционер | Q12283393 | подобрена статија | |
104. | Славко Лумбарковски — партизан | Q12293964 | подобрена статија | |
105. | Новачка парохија — парохија | Q109864669 | нова статија | |
106. | Краварско-бачка парохија — парохија | Q109865062 | нова статија | |
107. | Рудник „Суводол“ — рудник | Q12910805 | значително подобрена статија | |
108. | Рибарци (Битолско) — село | Q634139 | значително подобрена статија | |
109. | Скочивир — село | Q3074116 | значително подобрена статија | |
110. | РЕК „Битола“ — претпријатие | Q7276338 | значително подобрена статија | |
111. | ТЕЦ „Битола“ — електрана | Q109894770 | нова статија | |
112. | Сливица — село | Q3074240 | значително подобрена статија | |
113. | Чебренски манастир — манастир | Q12299027 | значително подобрена статија | |
114. | Старавина — село | Q3074395 | значително подобрена статија | |
115. | Суводол (Битолско) — село | Q3074149 | значително подобрена статија | |
116. | Чебрен — историско село | Q12299026 | значително подобрена статија | |
117. | Црква „Св. Димитриј“ - Чебрен — црква | Q20498407 | нова статија | |
118. | Црква „Вознесение Христово“ - Чебрен — црква | Q20501017 | значително подобрена статија | |
119. | Рапешки манастир — манастир | Q109984100 | нова статија |
Фотографии
уредиСите фотографии направени за време на викиекспедицијата се достапни во следнава категорија:
- Битолско Мариово и Селечка Планина на Ризницата ?
Трета експедиција
уредиБушева Планина и Прилепско Поле
уредиТретата експедиција ја одржавме дури кон крајот на август, откако членовите завршија со летните одмори. Го одбравме викендот за време на Голема Богородица и на 27 август август појдовме кон Крушево, средишна точка за посета на двете области.
По препорака го одбравме новоотворениот хотел „Св. Никола“ во самото средиште на градот и не погрешивме, бидејќи хотелот со своите соби и појадокот навистина се покажа во одлично светло.
Прв ден
уредиПо појадокот и пронаоѓањето на продавница за храна и пијалаци во текот на денот, продолживме кон првото село, а тоа како по правило е секогаш најоддалеченото село од областа. Во случајот тоа беше селото Пуста Река, некогаш доста големо и развиено село. Благодарение на обновата на регионалниот пат Крушево-Долно Дивјаци, до селото се стигнува по исклучително убав асфалтиран пат кој води низ самата крушевска Корија. Откако ќе заврши регионалниот пат кај Долно Дивјаци продолжува потесен асфалтиран пат до селото. Во Пуста Река првин се упативме кон манастирот „Св. Илија“, кој е на патот за селото Цер. До манастирот патот е земјен, но е во добра состојба. Во самото село ја фотографиравме селската црква, стариот мотел, поранешното основно училиште, како и два споменици.
Од Пуста Река, продолживме кон малото Горно Дивјаци, кое воодушевува за зачуваната архитектура, амбарите, низите тутун на куќите, како и некогашната училишна зграда во селото. Низ селото тече мал поток, кој треба да се премине за да се дојде до селската црква „Св. Димитриј“. До селото води асфалтен пат, кој се исклучува од патот до Пуста Река. Кога завршивме во селото, се вративме по патот назад, но само кратко потоа скршнавме лево по земјен пат кон возобновената црква „Св. Ѓорѓи“.
Потоа продолживме кон поголемото село Долно Дивјаци, кое ние еднаш веќе го имаме посетено во рамки на областа Железник, но сега му посветивме поголемо внимание и застанавме да ја фотографираме селската црква, која тогаш не сме ја доловиле.
Пред да се вратиме во Крушево, застанавме најпрвин кај селската црква на Арилево, која е буквално на самиот пат. Црквата е оградена со ѕидини, каде се наоѓаат и селските гробишта на Арилево. Во црквата не бевме пријатно пречекани од посетителите/мештаните, дури и бевме обвинети дека ние сме биле тие што ја ограбиле црквата, настан што се случил неделата претходно. Откако некако се разбравме, продолживме кон самото село Арилево, кое е доста мало и освен старото училиште нема други значајни објекти. На крајот, ја посетивме и новата црква „Св. Атанасиј“, до која се доаѓа по земјен пат.
Откако завршивме со Арилево, не чекаше долго кружење до Острилци преку Крушево, село кое повеќе припаѓа на соседната област Железник. Пред да се вратиме во Крушево, наминавме во манастирот „Св. Преображение“, како и поставениот крст во близина за да уживаме во одличната панорама на Пелагонија, но и на Бушева Планина. На самиот влез во селото Острилци се наоѓа селската црква „Св. Ѓорѓи“. Откако брзо завршивме со Острилци, знаевме дека ќе имаме авантура до раселеното село Бирино, до кое води земјен пат од кај споменикот за Мечкин Камен. Иако го замислувавме за доста полош земјен пат, особено земајќи в предвид должина од околу 8 километри, сепак патот беше во доста добра состојба и успешно дојдовме до селото Бирино, кое некогаш било големо како град. Денес, таму се останати одвај неколку куќи, како и селската црква „Св. Илија“, каде и најдовме мештани од селото, кое и не прошетаа низ неколкуте преостанати куќи.
По паузата во Бирино, повторно се вративме во Крушево, овојпат посетувајќи ги низинските села од општината. Прво на ред беше селото Алданци, кое низ историјата секогаш било мешано село. Така, во самото село се наоѓа џамија, додека кај основното училиште е изградена голема и убава црква „Св. Илија“. Од Алданци, продолживме кон поголемото село Норово, во кое иако се обидовме не можевме да го најдеме селското училиште. Од Норово првин се упативме кон Селце, село во чиј атар се наоѓа и манастирот „Св. Преображение“, кој го посетивме претходно. Во селото ја пронајдовме селската црква „Св. Петка“, но иако се обидовме безуспешен ни беше обидот да ја фотографираме куќата на Веле Марков. Куќата беше означена на картите на Гугл, но најверојатно стануваше збор за погрешна ознака, бидејќи таков објект не постоеше на таа ознака.
По Селце продолживме кон Житоше, некогашно општинско седиште, во кое денес постои и гимназија. Селото некогаш се двоело на Долно и Горно Житоше и поседува три џамии, од кои таа на сретсело е убава стара џамија. Покрај гимназијата, селото поседува и големо основно училиште, како и други општествени установи. Надвор од селото се наоѓа Житошкиот манастир, кој иако вака се нарекува повеќе припаѓа на селото Локвени од каде му е и пристапниот пат. Поради тоа и манастирот го оставивме да го посетиме следниот ден.
По Житоше следуваше големото село Лажани, кое поседува повеќе верски објекти (една црква и две џамии), како и повеќе општествени објекти. Црквата е надвор од селото и беше целосно заклучена и имавме ограничени можности да ја фотографираме. Од Лажани се упативме кон селото Борино, кое има две џамии, а во непосредна близина се наоѓаат две мали вештачки езера. Иако веќе еднаш се придвиживме кон основното училиште во Борино да го фотографираме, не сфативме дека тоа е патот и за соседното село Белушино, поради што мораше низ Борино да поминеме повторно. Во Белушино стои дека се наоѓа средновековна црква „Св. Никола“, но ние не успеавме да ја пронајдеме, иако бевме подолго време таму. Ги фотографиравме џамијата и селското училиште кои се сместени на крајот од селото.
По овие две села продолживме до селата Јакреново и Саждево, кои буквално се едно до друго и кои брзо ги поминавме. Покрај што и двете села имаат џамии, во Саждево на сретсело се наоѓа основно училиште за учениците од двете села.
Како крај на денот ни беше селото Кошино, во кое првпат кога влеговме знаевме дека има две цркви, но иако влеговме во селото ние не можевме ниту една да пронајдеме. Откако го фотографиравме училиштето и дел од селото, еден мештанин, за кој иако немавме верба во тоа што го говори, сепак ни помогна да ги пронајдеме и двете цркви. На враќање од втората црква, други мештани ни потврдија дека правилно ни кажал човекот и дополнија дека имале и трета црква над селото, до која сепак рековме дека нема да одиме, бидејќи веќе беше пред заоѓање.
На враќањето кон Крушево, некако веќе по навика, бевме застанати од полициска контрола, но брзо не пуштија.
Втор ден
уредиВториот ден го започнавме веднаш по појадокот во хотелот и го напуштивме Крушево, симнувајќи се во рамницата. Овојпат започнавме со посета на селото Врбоец, збиено село, во кое повторно се уверивме за грешките во списокот на верските објекти низ Македонија. Имено, во селото имавме податоци дека има три цркви со различни имиња, а утврдивме дека се работи за две цркви посветени на Голема и Мала Богородица, едната сместена во самото село, а другото над селото.
Од Врбоец, многу брзо стигнавме до Свето Митрани, каде лесно ги пронајдовме двете селски цркви и основното училиште. Од него продолживме кон колонистичката населба Милошево, кое повремено се водело како маало на Пресил. Во селото нема никакви општествени или верски објекти, освен споменикот за загинатите мештани од бугарските фашисти. Од Милошево продолживме во селото Пресил, каде повторно нашите податоци покажуваа дека селото поседува две цркви, но иако имавме и добар поглед на селото од едната црква, ние не можевме да ја пронајдеме втората црква.
Во селото Бучин, кое се наоѓа на раскрсница на патиштата помеѓу Пелагонија и Железник, имавме доста за посета. Најпрвин се упативме кон Бучинскиот манастир, сместен помеѓу двата железнички тунела на непостоечката железничка линија Бакарно Гумно-Сопотница, каде направивме и мала пауза. Потоа се упативме во самото село Бучин, каде нѐ пречека Стариот камен мост, кој за жал е оставен да пропаѓа. Бучин е уредено село со повеќе општествени објекти, а поседува и централно училиште. До самото училиште се наоѓа главната селска црква „Рождество на Пресвета Богородица“. По мало истражување во самото село ја пронајдовме и местоположбата на третата црква „Св. Димитриј“, движејќи се буквално низ ниви и јазови од Црна Река. Црквата е изградена во насока на возвишението Кале, каде се наоѓал средновековниот град Будимград, но и древниот град Алкомена.
Со Бучин ја завршивме посетата на Општина Крушево и преминавме во соседната општина, Кривогаштани. Селата во Општина Кривогаштани беа полесни за посета, бидејќи се рамничарски, но и се доста близу едно од друго. Првин го посетивме селото Воѓани, каде направивме фотографии од повеќе општествени објекти и од селската црква. Веднаш до Воѓани, се наоѓа селото Бела Црква, во кое се наоѓа основното училиште за двете села. Исто така, ја фотографиравме и селската црква. Кратко по Бела Црква, влеговме во селото Обршани, во кое направивме неколку фотографии од селото и од селската црква, како и од манастирот во близина на селото.
По Обршани, продолживме кон селото Пашино Рувци, кое покрај селската црква, поседува голем манастир во негова близина. Токму кај овој манастир се решивме да направиме пауза и да одмориме. Кога сакавме да продолжиме откривме дека една од гумите на нашето возило е полуиздишана и тогаш откривме дека во нејзе влегол штраф. Така, пред да продолжиме со експедицијата првин најдовме една бензинска пумпа кај Обршани за да ја допумпаме гумата. По ова фотографиравме уште неколку објекти во самото Обршани и продолживме кон селото Боротино, кое поседува црква „Св. Марина“, што е ретко име за селски цркви во нашата држава. Од него, повторно се вративме во Обршани и продолживме кон селото Крушеани, кое поседува основно училиште и две цркви.
По Крушеани, следно ни беше општинското средиште Кривогаштани, кое поседува бројни општествени објекти и четири селски цркви. Во самото село најдовме и вулканизер, кој за кратко време ја среди гумата со што можевме да бидеме мирни и да продолжиме со ред со експедицијата. Иако имаше четири цркви, во селото лесно ги пронајдовме сите тие цркви.
Од Кривогаштани продолживме кон север и отидовме кон селата Кореница и Годивле. Кореница е мало село, во кое училиштето е веќе затворено. Селската црква им се наоѓа надвор од селото и беше лесно воочлива. До Годивле брзо пристигнавме, каде работи основно училиште, а селото поседува и селска црква. Пред да се вратиме на регионалниот пат помеѓу Кривогаштани и Житоше, на самата раскрсница бевме повторно застанати од полициска контрола.
Како последно село од Општина Кривогаштани беше селото Подвис, кое поседува селска црква и основно училиште.
До Подвис се наоѓа селото Локвени, кое во минатото било на Општина Житоше, а денес влегува во рамки на Општина Долнени. Во селото е зачувана стара селска црква, која иако е во рамки на самото село, тешко се пристапува поради изградбата на нови куќи и нивните дворови. Во селото во поново време е подигната џамија. Над него се наоѓа возобновениот Житошки манастир, кој во минатото бил доста познат и богат и припаѓал на соседното село Долно Житоше. Иако во минатото бил разрушен, тој денес повторно е подигнат и се градат и конаци. Кај манастирот ја завршивме и оваа експедиција.
Исход
уредиСо фотографирани 30 нови села, 2 повторно посетени и поминати над 600 километри, експедицијата беше доста успешна.
-
Возилото на експедицијата во Пресил
-
Учесниците на експедицијата
-
Возилото на експедицијата кај Житошкиот манастир
- Статии
Број | Статија | Фотографија | Предмет на Википодатоци | Забелешки |
---|---|---|---|---|
1. | Алданци — село | Q2832254 | значително подобрена статија | |
2. | Норовска Река — река | Q20941265 | нова статија | |
3. | ПУ „Никола Карев“ - Алданци — основно училиште | Q109998918 | нова статија | |
4. | Џамија (Алданци) — џамија | Q109998273 | нова статија | |
5. | Црква „Св. Илија“ - Алданци — црква | Q20498449 | нова статија | |
6. | Прва крушевска парохија — црковна парохија | Q31360166 | значително подобрена статија | |
7. | ПУ „Никола Карев“ - Белушино — основно училиште | Q109999011 | нова статија | |
8. | ПУ „Никола Карев“ - Борино — основно училиште | Q109999175 | нова статија | |
9. | ПУ „Никола Карев“ - Врбоец — основно училиште | Q109999296 | нова статија | |
10. | ПУ „Никола Карев“ - Саждево — основно училиште | Q109999750 | нова статија | |
11. | Арилево — село | Q2413208 | значително подобрена статија | |
12. | Белушино — село | Q2895088 | значително подобрена статија | |
13. | Џамија (Белушино) — џамија | Q110061138 | нова статија | |
14. | Црква „Св. Атанасиј“ - Арилево — црква | Q110054168 | нова статија | |
15. | Црква „Св. Никола“ - Арилево — црква | Q110053251 | нова статија | |
16. | Втора крушевска парохија — црковна парохија | Q31360170 | значително подобрена статија | |
17. | Бирино — село | Q2904497 | значително подобрена статија | |
18. | Црква „Св. Илија“ - Бирино — црква | Q110069711 | нова статија | |
19. | Борино — село | Q2910903 | значително подобрена статија | |
20. | Стара џамија (Борино) — џамија | Q110088922 | нова статија | |
21. | Нова џамија (Борино) — џамија | Q110088940 | нова статија | |
22. | Борински Езера — езеро | Q110089212 | нова статија | |
23. | Бучин — село | Q2922590 | значително подобрена статија | |
24. | Стар мост (Бучин) — мост | Q110165841 | нова статија | |
25. | ОУ „Св. Кирил и Методиј“ - Бучин — основно училиште | Q20567782 | значително подобрена статија | |
26. | Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Бучин — црква | Q20497832 | нова статија | |
27. | Црква „Св. Ѓорѓи“ - Бучин — црква | Q110160092 | нова статија | |
28. | Црква „Св. Димитриј“ - Бучин — црква | Q110159785 | нова статија | |
29. | Бучински манастир — црква | Q110160387 | нова статија | |
30. | Врбоец — село | Q3075238 | значително подобрена статија | |
31. | Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Врбоец — црква | Q110198477 | нова статија | |
32. | Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Врбоец — црква | Q110199511 | нова статија | |
33. | Прва кривогаштанска парохија — црковна парохија | Q53067358 | нова статија | |
34. | Горно Дивјаци — село | Q3075197 | значително подобрена статија | |
35. | Црква „Св. Димитриј“ - Горно Дивјаци — црква | Q110216979 | нова статија | |
36. | Црква „Св. Ѓорѓи“ - Горно Дивјаци — црква | Q110219630 | нова статија | |
37. | Дивјачки манастир — манастир | Q110224762 | нова статија | |
38. | Бучинска парохија — црковна парохија | Q52737452 | нова статија | |
39. | Долно Дивјаци — село | Q3034197 | значително подобрена статија | |
40. | Црква „Св. Никола“ - Долно Дивјаци — црква | Q110227110 | нова статија | |
41. | Јакреново — село | Q3075323 | значително подобрена статија | |
42. | Стара џамија (Јакреново) — џамија | Q110246986 | нова статија | |
43. | Нова џамија (Јакреново) — џамија | Q110247000 | нова статија | |
44. | Милошево — село | Q3075331 | значително подобрена статија | |
45. | Норово — село | Q3074692 | значително подобрена статија | |
46. | Џамија (Норово) — џамија | Q110249226 | нова статија | |
47. | Острилци — село | Q3075220 | значително подобрена статија | |
48. | Црква „Св. Ѓорѓи“ - Острилци — црква | Q22695340 | нова статија | |
49. | Пресил — село | Q3084688 | значително подобрена статија | |
50. | Црква „Св. Ѓорѓи“ - Пресил — црква | Q110254749 | нова статија | |
51. | Џамија (Пресил) — џамија | Q110254718 | нова статија | |
52. | Пуста Река — село | Q3075278 | значително подобрена статија | |
53. | Црква „Св. Никола“ - Пуста Река — црква | Q110260432 | нова статија | |
54. | Црква „Св. Илија“ - Пуста Река — црква | Q110263272 | нова статија | |
55. | Пусторечки манастир — манастир | Q110263307 | нова статија | |
56. | Саждево — село | Q3075361 | значително подобрена статија | |
57. | Џамија (Саждево) — џамија | Q110263534 | нова статија | |
58. | Свето Митрани — село | Q3074734 | значително подобрена статија | |
59. | Црква „Вознесение Христово“ - Свето Митрани — црква | Q20501014 | значително подобрена статија | |
60. | Црква „Св. Никола“ - Свето Митрани — црква | Q110246976 | значително подобрена статија | |
61. | Селце (Крушевско) — село | Q3075287 | значително подобрена статија | |
62. | Црква „Св. Петка“ - Селце — црква | Q61119479 | значително подобрена статија | |
63. | Црква „Св. Преображение“ - Селце — црква | Q12908379 | значително подобрена статија | |
64. | Селечки манастир (Крушевско) — манастир | Q110291207 | нова статија | |
65. | Локвени — село | Q3074817 | значително подобрена статија | |
66. | Црква „Св. Троица“ - Локвени — црква | Q110314635 | нова статија | |
67. | Хаџи-јакупова џамија (Локвени) — џамија | Q110314660 | нова статија | |
68. | ПУ „Лирија“ - Локвени — основно училиште | Q110314324 | нова статија | |
69. | ОУ „Лирија“ - Житоше — основно училиште | Q12909200 | значително подобрена статија | |
70. | Лажани — село | Q2507299 | значително подобрена статија | |
71. | Црква „Св. Никола“ - Лажани — црква | Q60178292 | значително подобрена статија | |
72. | Ропотовска парохија — црковна парохија | Q20574489 | подобрена статија | |
73. | Стара џамија (Лажани) — џамија | Q110369845 | нова статија | |
74. | Нова џамија (Лажани) — џамија | Q110369909 | нова статија | |
75. | ОУ „Мирче Ацев“ - Лажани — основно училиште | Q20568773 | значително подобрена статија | |
76. | ПУ „Мирче Ацев“ - Кошино — основно училиште | Q110370163 | значително подобрена статија | |
77. | Црква „Св. Никола“ - Кошино — црква | Q50330208 | значително подобрена статија | |
78. | Црква „Св. Атанасиј“ - Кошино — црква | Q110371695 | нова статија | |
79. | Кошински манастир — манастир | Q110371805 | нова статија | |
80. | Кошино — село | Q3075308 | значително подобрена статија | |
81. | Житоше — село | Q3074920 | значително подобрена статија | |
82. | Црква „Св. Атанасиј“ - Локвени — црква | Q37944358 | значително подобрена статија | |
83. | СОУ „Преродба“ - Житоше — средно училиште | Q110390894 | нова статија | |
84. | Стара џамија (Горно Житоше) — џамија | Q110390951 | нова статија | |
85. | Нова џамија (Горно Житоше) — џамија | Q110390973 | нова статија | |
86. | Џамија (Долно Житоше) — џамија | Q110391005 | нова статија | |
87. | Житошки манастир — манастир | Q110401370 | нова статија | |
88. | Бела Црква — село | Q2894177 | значително подобрена статија | |
89. | ОУ „Јонче Смугрески“ - Обршани — основно училиште | Q20567143 | значително подобрена статија | |
90. | ПУ „Јонче Смугрески“ - Бела Црква — основно училиште | Q110408201 | значително подобрена статија | |
91. | Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Бела Црква — црква | Q110412212 | нова статија | |
92. | Обршанска парохија — црковна парохија | Q110412384 | нова статија | |
93. | Боротино — село | Q2911262 | значително подобрена статија | |
94. | Црква „Св. Марина“ - Боротино — црква | Q20498817 | значително подобрена статија | |
95. | Малокоњарска парохија — црковна парохија | Q110415895 | нова статија | |
96. | Црква „Св. Никола“ - Воѓани — црква | Q110419760 | нова статија | |
97. | Црква „Св. Никола“ - Обршани — црква | Q20499229 | значително подобрена статија | |
98. | Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Обршани — црква | Q110420426 | значително подобрена статија | |
99. | Воѓани — село | Q3136266 | значително подобрена статија | |
100. | Годивле — село | Q3074779 | значително подобрена статија | |
101. | Црква „Св. Атанасиј“ - Годивле — црква | Q20500078 | значително подобрена статија | |
102. | Втора кривогаштанска парохија — црковна парохија | Q52737574 | значително подобрена статија | |
103. | ОУ „Манчу Матак“ - Кривогаштани — основно училиште | Q20567153 | значително подобрена статија | |
104. | ПУ „Манчу Матак“ - Крушеани — основно училиште | Q110428850 | нова статија | |
105. | ПУ „Манчу Матак“ - Годивле — основно училиште | Q110428275 | нова статија | |
106. | ПУ „Манчу Матак“ - Подвис — основно училиште | Q110428614 | нова статија | |
107. | Кореница — село | Q3078517 | значително подобрена статија | |
108. | Црква „Св. Никола“ - Кореница — црква | Q20499165 | значително подобрена статија | |
109. | Црква „Св. Теодор Тирон“ - Кривогаштани — црква | Q12911951 | значително подобрена статија | |
110. | Црква „Св. Димитриј“ - Кривогаштани — црква | Q12911809 | значително подобрена статија | |
111. | Црква „Св. Никола“ - Кривогаштани — црква | Q12911882 | значително подобрена статија | |
112. | Црква „Воведение на Пресвета Богородица“ - Кривогаштани — црква | Q110447272 | нова статија | |
113. | Кривогаштани — село | Q2603928 | значително подобрена статија | |
114. | Црква „Св. Никола“ - Крушеани — црква | Q110179961 | значително подобрена статија | |
115. | Црква „Св. Атанасиј“ - Крушеани — црква | Q20500240 | значително подобрена статија | |
116. | Крушеани — село | Q3136271 | значително подобрена статија | |
117. | Обршански манастир — манастир | Q110476104 | нова статија | |
118. | Блато (река) — река | Q12905250 | нова статија | |
119. | Обршани — село | Q3074771 | значително подобрена статија | |
120. | Црква „Св. Атанасиј“ - Пашино Рувци — црква | Q110491857 | нова статија | |
121. | Црква „Св. Ѓорѓи“ - Пашино Рувци — црква | Q50345389 | нова статија | |
122. | Пашинорувски манастир — манастир | Q110491995 | нова статија | |
123. | Крушевски крст — крст | Q110508856 | нова статија | |
124. | Бушева Планина — планина | Q12274055 | подобрена статија | |
125. | Пашино Рувци — село | Q3075192 | значително подобрена статија | |
126. | Подвис (Прилепско) — село | Q764466 | значително подобрена статија | |
127. | Црква „Св. Троица“ - Подвис — црква | Q110505669 | нова статија | |
128. | Прилепско Поле — поле | Q20567359 | подобрена статија |
Фотографии
уредиСите фотографии направени за време на викиекспедицијата се достапни во следнава категорија:
- Бушева Планина и Прилепско Поле на Ризницата ?
Четврта експедиција
уредиРадовишко
уредиПоследната експедиција за годинава ја завршивме во Радовишко и за промена од останатите не тргнавме во петок вечерта, туку утрината на 25 септември (сабота), со што дента ни беше понапорна од вообичаено. Повторно бевме истите четворица членови како на претходните три експедиции.
Во оваа експедиција, во половина од селата, особено оние во низинскиот дел, корисникот Тивериополник има спроведено свои посети, но отидовме да ги опфатиме и тие села со цел за сеопфатност.
Прв ден
уредиОд Скопје тргнавме утрината на 25 септември 2021 година (сабота) во 7 часот, па преку Штип, каде направивме кратка пауза за појадок, многу брзо стигнавме до првото село Дамјан, кое е всушност поделено на руралниот дел (самото село) и урбан дел (населба покрај самиот пат). На патот кон Дамјан ја фотографиравме неговата селска црква, но пропуштивме да ги фотографираме остатоците од некогашниот истоимен рудник. Сепак, отидовме по новиот пат до новиот рудник „Боров Дол“, па дури и продолживме по земјен пат откако видовме дека има знам за манастир, за кој сепак утврдиме дека се работи за црква во селото Горна Враштица, што се наоѓа во Општина Конче. Откако се спуштивме повторно во Дамјан, продолживме кон селото Погулево, кое е мало село и до кое се стигнува по земјен пат. Во него немавме проблем брзо да ја пронајдеме селската црква.
Така, брзо потоа отидовме кон селото Бучим, каде на пат кон него го фотографиравме познатиот истоимен рудник, како и малото Бучимско Езеро. Во селото лесно ги пронајдовме селската џамија и селското училиште.
По ова село, се приклучивме на новиот експресен пат Штип-Струмица кај клучката на Бучим, но сфативме дека направивме грешка, бидејќи нема да можеме да се исклучиме за селото Тополница. Бидејќи патот е уште во градба, сепак имаше можност да се исклучиме како многумина други и со тоа избегнавме кружење. Селото Тополница се наоѓа под браната на големото Тополничко Езеро, кое е всушност големо хидројаловиште на рудникот Бучим.
Од Тополница, се вративме на стариот регионален пат и се исклучивме кај Прналија, каде влеговме во селото и ги фотографиравме селската џамија и училиштето. Од селото, продолживме по макадамскиот пат за селото Супурге, од каде се пружаше поубав поглед на Тополничкото Езеро.
Пред да заминеме од Супурге ја разгледавме можноста преку земјен пат директно да отидеме за Коџалија, но видовме дека се работи за тежок терен, поради што одлучивме да се вратиме на регионалниот пат и откако стигнавме во градот Радовиш, одма на самиот влез свртевме кон селото. Пред да стигнеме во Коџалија, го фотографиравме и селото Али Коч, кое поседува селска џамија и училиште, како и амбуланта. Од селското училиште во Коџалија се пружаше убав поглед на самото село.
Со Коџалија, завршивме со посета на јуручките села и се префрливме на селата на планината Смрдеш, почнувајќи од големото село Ињево, кое всушност го имаме посетено за време на нашата експедиција во 2016 година во соседната област. Сепак, од Ињево имавме доста работи неопфатени со првата посета, со што сега имавме доста работа пред нас. Најпрвин го фотографиравме основното училиште, за подоцна да можеме да се посветиме на селските цркви, вкупно пет, а ние имавме фотографии од само две. Сите цркви во селото се наоѓаат над него, кај самиот Ињевски крст.
По Ињево, следуваше уште едно предизвикувачко село. Селото Воиславци, сместено веднаш до Ињево, имаше фотографии поради посетата на Википедијанец претходно, но сепак имаше уште многу работа во него. Најпрвин и тука ги опфативме објектите во селото, кои не биле фотографирани за време на посетата на Википедијанецот, за да можеме да се насочиме на селските цркви, кое селото ги има вкупно девет (вклучувајќи стари и нови градби). Селската црква „Св. Ѓорѓи“ беше единствената од која имаше фотографии, па затоа нејзе не ја ни посетивме и се насочивме на другите цркви. Две од црквите („Успение на Пресвета Богородица“ и „Св. Петка“) се наоѓаат над селото, додека други две („Св. Јован Крстител“ и „Св. Илија“) пронајдовме во низинскиот дел во насока кон Ињево.
Откако се задржавме долго време во Воиславци, по кратко возење стигнавме во Сулдурци, село целосно посетено за време на експедицијата во 2016 година и во кое имавме задача само да направиме фотографии од селското училиште, поради што брзо завршивме.
Од Сулдурци, исто така по кратко возење стигнавме во селото Калуѓерица, каде направивме подобри фотографии од самото село (бидејќи и ова село беше посетено од истиот корисник како Воиславци), како и од манастирската црква, која не била опфатена од него. Кај Калуѓерица се обидовме да продолжиме по патот кон селото Папавница, но тоа беше осудено на неуспех поради сложениот и предизвикувачки земјен пат.
Како на крај на денот посетивме уште две села, Јаргулица и Покрајчево, од кои имаше веќе фотографии, но направивме нови. Во Злеово веќе беше зајдено сонцето, поради што оставивме тоа село да го фотографираме следниот ден и продолживме кон нашето сместување во Струмица.
Втор ден
уредиОткако одвај да најдовме место за појадок во Струмица, тргнавме на пат и доста брзо веќе бевме до првото село, Злеово, кое претходниот ден го изоставивме. По Злеово, повторно продолживме кон Покрајчево и Јаргулица, кои минатиот ден ги фотографиравме. На пат кон Покрајчево забележавме црква на ридот над селото, за која немавме никакви податоци во нашите истражувања, но беше очигледно дека се работи за црква, поради што повторно влеговме во селото и продолживме кон црквата. Се покажа дека се работи за понов манастир со црква.
По овие села продолживме кон Подареш, некогашно општинско седиште. И денес, селото е доста големо и урбанизирано. Ги фотографиравме преостанатите општествени установи од кои немаше фотографии, како и двете цркви во самото село. Потоа, продолживме по асфалтниот пат кон селото Смиланци, каде се наоѓаат уште две цркви во атарот на Подареш. Веќе на првата црква, асфалтот прекина и почна макадамски пат. И двете цркви се сместени на самиот пат, со што лесно ги воочивме.
Патот за Смиланци е само делумно асфалтиран, односно само одредени негови делови, па така наизменично по неколку километри се вози на асфалтиран и макадамски пат. Сепак, целиот пат е рамен, без карпи и камења, следејќи ја долината на реката Плаваја, чија долина на моменти е восхитувачка. Уште по втората манастирска црква на Подареш снемавме мрежа и буквално наредните 3 часа ние ќе го поминеме денот без никаков телефонски сигнал и камоли интернет. Селото Смиланци навистина воодушевува со својата архитектура, чии куќи се особено интересни со употребените црвени тули. Се забележува дека некогаш било особено живо село, а денес е дом на одвај неколкумина. Во него ја најдовме селската црква, како и руинираното селско училиште. Дополнително, на влезот направивме фотографии од неколку споменици од илинденскиот период.
На пат за Смиланци сретнавме луѓе со џип со кои се потврдивме дека можеме да стигнеме до радовишкото Ново Село на Плачковица од страната на Смиланци, поради што ние откако завршивме со Смиланци продолживме по земјениот пат долж Смиланска Река, кој иако земјен беше во доста добра состојба. Во моментот кога целосно ја преминавме реката и почнавме да се искачуваме во шума кон Ново Село земјениот пат започна да се влошува поради бројните бразди. Поради сувото време, сепак браздите не беа калливи што ни ја олесни работата. Сепак, браздите на моменти беа доста високи и не го препорачуваме патот за ниски возила, дури и џипови со ниска поставеност. Во Ново Село се изненадивме дека пронајдовме зачувани куќи, како и селска црква, која е во многу добра состојба и се гледа дека е одржувана. Во моментот кога ја фотографиравме не знаевме како се нарекува, но според објави на друштвените мрежи, црквата веројатно го носи името „Вознесение Христово“. Овој момент на посета на Ново Село и откривањето на црквата е моментот кога нашите експедиции се вистинска истражувачка работа. Откако завршивме ни требаше скоро еден час да се вратиме повторно во Подареш.
Од Подареш се упативме кон селото Ораовица, кое е исто така големо село се повеќе општествени објекти. Сепак, тука немавме многу работа, бидејќи истите беа фотографирани, како и селската црква и затоа брзо се упативме кон манастирот „Св. Ѓорѓи“, од кој немаше фотографии. Манастирот иако подигнат во поново време плени со својата големина и уреденост.
Од Ораовица се придвиживме кон приградската населба Раклиш, некогашно село, а денес споена приградска населба со Радовиш. Во Раклиш направивме фотографии од самата населба, а подоцна продолживме кон селото Калаузлија, до кое води асфалтен пат. Во Калаузлија брзо ги најдовме селското училиште и селската џамија, со што брзо можевме да се вратиме назад најпрвин во Раклиш, а подоцна да продолжиме кон Радовиш.
Од Радовиш се упативме високо кон Плачковица, каде најпрвин се навративме во посетеното село Штурово, фотографирајќи го споменикот на влезот во селото и неговото сретсело. Како што продолживме, застанавме да ги фотографираме месностите на некогашните села Чешме Маале и Али Лобаси. Исто така, повторно го посетивме селото Козбунар, од кое имавме фотографија единствено од неговата новоизградена црква. Од Козбунар продолживме до крајот на асфалтираниот пат, кој завршува кај хотелот „Бел Камен“ и продолживме по земјен пат кон селото Шипковица, наше последно село за оваа експедиција. Земјениот пат на моменти беше предизвикувачки, но сепак во релативно добра состојба. На половина пат до селото стигнавме до куќи, кои се наоѓаат околу некогашната Партизанска болница. Од нејзе продолживме во насока кон самото село, но кога дојдовме до него сфативме дека до селото имаме доста пат и поради тоа решивме само да го фотографираме од далечина.
Со ова ние ја завршивме експедицијата и се вративме назад до асфалтниот пат за до Радовиш, завршувајќи ја вечерта во Штип, каде седнавме да јадеме.
Исход
уредиСо фотографирани 22 нови села, 4 повторно посетени и поминати над 500 километри, експедицијата која беше на измешан низинско-планински терен можеме да ја прогласиме за успешна.
- Статии
Број | Статија | Фотографија | Предмет на Википодатоци | Забелешки |
---|---|---|---|---|
1. | Али Коч — село | Q2836277 | значително подобрена статија | |
2. | Црква „Св. Богородица“ - Дамјан — црква | Q110551774 | нова статија | |
3. | Црква „Вознесение Христово“ - Погулево — црква | Q26761683 | подобрена статија | |
4. | Маденска Река — река | Q29033137 | подобрена статија | |
5. | Џамија (Бучим) — џамија | Q110553966 | нова статија | |
6. | Стара џамија (Тополница) — џамија | Q110553978 | нова статија | |
7. | Џамија (Прналија, Радовишко) — џамија | Q110554021 | нова статија | |
8. | Џамија (Супурге) — џамија | Q110554038 | нова статија | |
9. | Џумали џамија (Али Коч) — џамија | Q110554059 | нова статија | |
10. | Џамија Хафиз Салих — џамија | Q110554098 | нова статија | |
11. | Џамија (Калаузлија, Радовишко) — џамија | Q110554130 | нова статија | |
12. | ПУ „Никола Карев“ - Бучим — училиште | Q110554188 | нова статија | |
13. | ПУ „Никола Карев“ - Прналија — училиште | Q110554214 | нова статија | |
14. | ПУ „Никола Карев“ - Тополница — училиште | Q110554248 | нова статија | |
15. | ПУ „Крсте Петков Мисирков“ - Али Коч — училиште | Q110554299 | нова статија | |
16. | ПУ „Крсте Петков Мисирков“ - Коџалија — училиште | Q110554268 | нова статија | |
17. | ПУ „Крсте Петков Мисирков“ - Калаузлија — училиште | Q110554315 | нова статија | |
18. | Али Лобаси — село | Q2836285 | значително подобрена статија | |
19. | Бучим — село | Q2922587 | значително подобрена статија | |
20. | Воиславци — село | Q3134585 | значително подобрена статија | |
21. | Дамјан — село | Q3013006 | значително подобрена статија | |
22. | Злеово — село | Q3134713 | значително подобрена статија | |
23. | Ињево — село | Q3134556 | значително подобрена статија | |
24. | Јаргулица — село | Q3040671 | значително подобрена статија | |
25. | Калаузлија (Радовишко) — село | Q33593 | значително подобрена статија | |
26. | Калуѓерица — село | Q3134762 | значително подобрена статија | |
27. | Козбунар — село | Q3134548 | значително подобрена статија | |
28. | Коџалија — село | Q3134630 | значително подобрена статија | |
29. | Ново Село (Радовишко) — село | Q3134519 | значително подобрена статија | |
30. | Ораовица — село | Q3134491 | значително подобрена статија | |
31. | Погулево — село | Q3134698 | значително подобрена статија | |
32. | Подареш — село | Q3134776 | значително подобрена статија | |
33. | Покрајчево — село | Q3134800 | значително подобрена статија | |
34. | Прналија (Радовишко) — село | Q3134820 | значително подобрена статија | |
35. | Раклиш — село | Q3086012 | значително подобрена статија | |
36. | Смиланци — село | Q3134866 | значително подобрена статија | |
37. | Сулдурци — село | Q3134781 | значително подобрена статија | |
38. | Супурге — село | Q3134906 | значително подобрена статија | |
39. | Тополница (Радовишко) — село | Q3134792 | значително подобрена статија | |
40. | Чешме Маале — село | Q3134788 | значително подобрена статија | |
41. | Шипковица (Радовишко) — село | Q2963868 | значително подобрена статија | |
42. | Штурово — село | Q2967566 | значително подобрена статија | |
43. | Ињевски манастир „Св. Димитриј“ — манастир | Q111709670 | нова статија | |
44. | Црква „Св. Димитриј“ - Ињево — црква | Q111709658 | нова статија | |
45. | Црква „Вознесение Христово“ - Ињево — црква | Q23978279 | подобрена статија | |
46. | Ињевски манастир „Св. Архангел Михаил“ — манастир | Q111709652 | нова статија | |
47. | Црква „Св. Архангел Михаил“ - Ињево — црква | Q111709616 | нова статија | |
48. | Ињевски крст — крст | Q111729609 | нова статија | |
49. | Параклис „Св. Контантин и Елена“ - Ињево — параклис | Q111709565 | нова статија | |
50. | Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ – Ињево — црква | Q111729681 | нова статија | |
51. | Ињевски манастир „Св. Петка“ — манастир | Q111729716 | нова статија | |
52. | Црква „Св. Петка“ - Ињево — црква | Q24010956 | подобрена статија | |
53. | Воиславски манастир „Св. Илија“ — манастир | Q111736764 | нова статија | |
54. | Црква „Св. Илија“ - Воиславци (стара) — црква | Q111709190 | нова статија | |
55. | Црква „Св. Илија“ - Воиславци (нова) — црква | Q111737060 | нова статија | |
56. | Црква „Св. Петка“ - Воиславци — црква | Q111709176 | нова статија | |
57. | Воиславски манастир „Св. Јован Крстител“ — манастир | Q111709162 | нова статија | |
58. | Црква „Св. Јован Крстител“ - Воиславци — црква | Q111709129 | нова статија | |
59. | Воиславски манастир „Успение на Пресвета Богородица“ — манастир | Q111737694 | нова статија | |
60. | Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Воиславци (стара) — црква | Q111709120 | нова статија | |
61. | Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Воиславци (нова) — црква | Q111709112 | нова статија | |
62. | Црква „Св. Илија“ - Сулдурци — црква | Q23939035 | подобрена статија | |
63. | Калуѓерички манастир — манастир | Q111709099 | нова статија | |
64. | Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Калуѓерица — црква | Q111709096 | нова статија | |
65. | Црква „Св. Димитриј“ - Подареш — црква | Q61120650 | значително подобрена статија | |
66. | Покрајчевски манастир — манастир | Q111709010 | нова статија | |
67. | Црква „Св. Илија“ - Покрајчево — црква | Q111708961 | нова статија | |
68. | Подарешки манастир „Св. Петка“ — манастир | Q111738147 | нова статија | |
69. | Црква „Св. Петка“ - Подареш — црква | Q111738197 | нова статија | |
70. | Подарешки манастир „Рождество на Пресвета Богородица“ — манастир | Q111738213 | нова статија | |
71. | Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Подареш — црква | Q111738265 | нова статија | |
72. | Црква „Св. Димитриј“ - Смиланци — црква | Q26761694 | значително подобрена статија | |
73. | Црква „Вознесение Христово“ - Ново Село (Радовишко) — црква | Q111738289 | нова статија | |
74. | Ораовички манастир — манастир | Q111738296 | нова статија | |
75. | Црква „Св. Ѓорѓи“ - Ораовица — црква | Q111738312 | нова статија | |
76. | Плаваја — река | Q20936002 | подобрена статија | |
77. | Смиланска Река — река | Q20936145 | нова статија | |
78. | Ораовичка Река — река | Q20932500 | нова статија | |
79. | Партизанска болница (Шипковица) — спомен-куќа | Q111745136 | нова статија | |
80. | Рудник „Бучим“ — рудник | Q20942418 | значително подобрена статија | |
81. | Бучимско Езеро — езеро | Q111748945 | нова статија | |
82. | Готен — планина | Q20932155 | подобрена статија | |
83. | Тополничко Езеро — езеро | Q22090986 | нова статија | |
84. | Рудник „Боров Дол“ — планина | Q111753045 | нова статија | |
85. | Црква „Св. Троица“ - Козбунар — црква | Q24010975 | подобрена статија | |
86. | Ињевско-конечка парохија — парохија | Q23713804 | подобрена статија | |
87. | Ораовичко-воиславска парохија — парохија | Q23713805 | подобрена статија | |
88. | Подарешка парохија — парохија | Q23713823 | подобрена статија |
Фотографии
уредиСите фотографии направени за време на викиекспедицијата се достапни во следнава категорија: