Црква „Св. Димитриј“ - Кривогаштани
Свети Димитриј — главна селска црква во прилепското село Кривогаштани, Македонија.[1]
Свети Димитриј
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Прилепско |
Парохија | Втора кривогаштанска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°20′15″N 21°19′43″E / 41.33750° СГШ; 21.32861° ИГД |
Место | Кривогаштани |
Општина | Кривогаштани |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Димитриј |
Изградба | 1911 |
Завршено | 19 април 1912 |
Живопис | 1912 |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | трикорабна |
Црквата се наоѓа во средишниот дел на селото Кривогаштани, на самиот регионален пат 1306. Околу црквата се наоѓаат гробишта.
Местоположба
уредиЦрквата е сместена во селото Кривогаштани.[2]
Историја
уредиСпоред истражувањето на Јован Трифуноски, црквата била изградена во 1911 година. Претходно на тоа место имало остатоци од стар храм.[2] Сепак, натписот на камбанаријата на црквата покажува дека истата била изградена на 19 април 1912 година.
Архитектура
уредиЦрквата има трикорабна градба, со полукружна апсида на источната страна, расчленета со три слепи ниши.[3]
Во црквата се чува мермерна надгробна плоча со релјефна претстава на две машки и две женски бисти. Горе има калкан со палмета и акротерија, а во едикулата претстава на коњаник, дете што стои на ара и десно од него жена. Под нив има старогрчки натпис во 10 реда.[4]
Фрескоживопис
уредиЖивописот црквата го добила истата година кога била подигна, во 1912 година. Црквата има и женска црква – галерија.[3]
Галерија
уреди-
Гробишта во црковниот двор
-
Гробиштата и помошниот објект
-
Споредниот влез
-
Апсидата
-
Поглед на црквата
-
Камбанаријата
-
Натписи на камбанаријата на црквата
-
Главниот влез
-
Поглед на црквата
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 Трифуноски, Јован (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina: antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.
- ↑ 3,0 3,1 „Црква „Свети Димитриј", село Кривогаштани“. OLDPRILEP.COM. 2011-12-29. Посетено на 2022-01-06.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 301. ISBN 9989-649-28-6.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Димитриј“ - Кривогаштани на Ризницата ?