Кале (Бучин)
археолошко наоѓалиште во Македонија
Кале — археолошко наоѓалиште во крушевското село Бучин. Претставува утврдена населба од доцноантичкото време. Се наоѓа на 1,5 до 2 км јужно од селото, на надморска височина од 842 м, на зарамнето плато, каде се гледаат грамади од камен. По површината се среќаваат фрагменти од питоси и керамички садови. Најдени се и монети од Јустин II и Анастасиј, како и монети од IV век, кои се чуваат во Заводот и Музеј во Битола.[1] Мештаните го нарекуваат Будимград.
Поврзано уреди
- Во Селото — осамен наод од римско време;
- Даб — осамен наод од римско време;
- Манастириште — хеленистичка и римска населба;
- Рид — хеленистичка населба;
- Бучин;
- Список на археолошки наоѓалишта во Крушевско;
Наводи уреди
- ↑ Коцо, Димче(1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 978-9989-101-06-9
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |