Партизанска болница (Шипковица)
Партизанска болница — болница во близина на селото Шипковица на планината Плачковица. Во неа биле лекувани ранети партизани во Пролетната офанзива.
Историја
уредиБолницата била формирана пролетта 1944 година по наредба на Главниот штаб на НОВ и ПОМ за згрижување на ранетите во Пролетната офанзива.[1] Причина за формирање на болницата било тоа што носењето на тешко ранетите од подвижната болница на Оперативниот штаб од Грција низ Источна Македонија ја отежнувало подвижноста на единиците. Непосредно по заминувањето на единиците на Оперативниот штаб од подрачјето на планината Плачковица, единиците на 17. бугарска дивизија при истражување на теренот откриле дел од болницата во којашто биле сместени 11 тешко ранети партизани од кои само еден успеал да преживее.[2]
Во болницата работеле лекарите Ѓорѓи Камчев и Страхил Панов. Голема заслуга за згрижување на ранетите војници имале и мештаните Дане Трајков и неговиот син Јордан Трајков под заштита на Плачковичкиот одред.[1] Во болницата бил вработен и болничар којшто бил задолжен за обезбедување санитетски материјал.[2] Во јуни 1944 година, Дане Трајков заедно со својот син Јордан и уште еден соселанец биле уапсени од страна на фашистите. На 7 јули 1944 година, Дане бил застрелан во месноста Еренџе на планината Плачковица, додека останатите двајца успеале да се спасат.[2]
Спомен-парк
уредиВо 2014 година, при чествувањето на 70-годишнината од ослободувањето на Радовиш, локалната самоуправа и организацијата на борци го уредиле просторот околу некогашната партизанска болница и претвориле во спомен-парк во којшто на 7 јули секоја година се собираат стотици граѓани и борци за да му оддадат почит на Дане Трајков.[1]
Галерија
уреди-
Објектот на болницата
-
Спомен-плоча на НОБ на ѕид од објектот
-
Споменик на НОБ во дворот на болницата
Поврзано
уредиНаводи
уредиНадворешни врски
уреди- Партизанска болница (Шипковица) на Ризницата ?
41°45′40.6″N 22°27′53.3″E / 41.761278° СГШ; 22.464806° ИГД