Црква „Св. Ѓорѓи“ - Ораовица
Свети Ѓорѓи — манастирска црква на Ораовичкиот манастир.[1]
Свети Ѓорѓи
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Брегалничка |
Архијерејско намесништво | Радовишко |
Парохија | Ораовичко-воиславска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°35′10.1″N 22°27′10.8″E / 41.586139° СГШ; 22.453000° ИГД |
Место | Ораовица |
Општина | Радовиш |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Георгиј |
Изградба | 15 октомври 2011 |
Завршено | 2012 |
Осветување | 24 ноември 2012 |
Ктитор | Николајчо Николов |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | крстокуполен храм |
Историја
уредиОд натписната плоча до главниот влез на црквата се забележува дека нејзината изградба започнала на 15 октомври 2011 година, а била осветена на 24 ноември 2012 година од страна на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и Митрополит Брегалнички г. Иларион при одбележувањето на 45-годишнината од автокефалноста на Македонската православна црква.[2] Ктитор на црквата е Николајчо Николов.
Архитектура
уредиГрадбата на црквата претставува крстокуполен храм со осумаголна купола и полукружна апсида на источната страна. На секоја страна од куполата има по една монофора. Главниот влез се наоѓа на западната страна кон којашто е доградена затворена припрата. Од лвата страна на влезната врата кон припратата има мермерна плоча со информации за изградбата на црквата, а над влезната врата има ниша со мозаик на којшто е прикажан Свети Георгиј. Црквата има и спореден влез на јужната страна којшто исто така води до припратата. Над споредниот влез има монофора, а монофора има на надворешниот ѕид од припратата на северната страна. Од надворешната страна на јужниот и северниот ѕид во делот на наосот има по една бифора, на полукружните крила има по една трифора, а потоа на крајот има уште по една монофора. Објектот е граден од варовник и е покриен со кров од ќерамиди.
Внатрешноста на црквата е зографисана. Иконостасот е дрвен и содржи икони во еден ред коишто се изработени од иконописецот Дончо од селото Секирник. Од левата страна на царските двери се прикажани Свети Георгиј, Архангел Михаил и Богородица со Исус, а од десната страна Исус, Свети Стефан и Јован Крстител.
Во непосредна близина на храмот се издига камбанаријата. Таа има квадратна основа и се состои од два дела. Долниот дел е заѕидан од сите страни и во целост е обоен во бела боја, додека горниот дел е отворен.
Галерија
уреди- Надворешен изглед и камбанарија
-
Поглед на црквата
-
Северната страна
-
Натписна плоча до главниот влез
-
Ниша со мозаик над главниот влез
-
Споредниот влез
-
Куполата
-
Апсидата
-
Камбанаријата
- Внатрешност
-
Фреска на Успението на Пресвета Богородица
-
Иконостасот
-
Лустер
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 29. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Осветена новоизградената манастирска црква посветена на „Св. вмч. Георгиј“ во с. Ораовица – Радовиш[мртва врска]“. Брегалничка епархија. 24 ноември 2012.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Ѓорѓи“ - Ораовица на Ризницата ?