Дренско Езеро

езеро во Македонија


Дренско Езеровештачко езеро во близина на демиркапиското село Дрен, Македонија. Езерото влегува во групата на изградени акумулации.[1]

Дренско Езеро
Дренско Езеро - Поглед на Дренското Езеро
Дренско Езеро - Поглед на Дренското Езеро
Поглед на Дренското Езеро
Координати 41°21′39 N°22′15
Вид вештачко
Главен дотек Дренска Река
Главен истек Дренска Река
Земји во сливот Македонија
Водна зафатнина 76.000 м3

Браната на езерото е подигната на Дренска Река.

Местоположба уреди

 
Насипната брана на езерото

Акумулацијата се наоѓа шест километри јужно од градот Демир Капија, во непосредна близина на Дрен. Од самото село е оддалечена 800 метри во југоисточна насока.[2]

Браната е подигната на Дренска Река, која е притока на Дошница.[2]

Опис уреди

Брана уреди

Браната претставувала хомогена земјена брана без придружни објекти, но по нејзиното обновување била заменета со каменонасипна брана и бил изграден преливен објект.[2]

Историја уреди

Браната на езерото била подигната во 2000 година со средства на мештаните и донација од Грција.[3]

Браната се срушила на 19 ноември 2004 година поради поројните дождови, кои ја зафатиле областа. По уривањето се изгубиле големи количества крап, со кој било порибено езерото.

Во 2016 година, браната на езерото била обновена.

Употреба уреди

Езерото главно се користи за наводнување на земјоделските површини во околината на селата Дрен и Чифлик, но и за спортско-рекреативни цели.[2]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Група автори (2016). „Езера во Македонија“. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 28. ISBN 978-9989-110-90-0.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „1 Вовед“. webcache.googleusercontent.com. Архивирано од изворникот на 2017-10-17. Посетено на 2021-09-05.
  3. „Архива“. time.mk. Посетено на 2021-09-05.

Надворешни врски уреди

41°21′39″N 22°15′20″E / 41.36083° СГШ; 22.25556° ИГД / 41.36083; 22.25556