Црква „Вознесение Христово“ - Градешница

црква во селото Градешница

Вознесение Христовоцрква во селото Градешница.

Вознесение Христово

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Битолско
Парохија Старавинска
Местоположба

Карта

Координати 41°04′56.9″N 21°46′15.8″E / 41.082472° СГШ; 21.771056° ИГД / 41.082472; 21.771056
Место Градешница
Општина Новаци
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Исус Христос
Архитектонски опис

Местоположба уреди

Црквата се наоѓа на неколку стотина метри источно од селото во близина на месноста Темнички Вир.[1]

Историја уреди

Бранислав Ристески од Институтот за старословенска култура во Прилеп во склоп на опсежни археолошки истражувања во периодот од 1990 до 1998 година открил дека на местото на коешто се наоѓаат денешните цркви „Св. Антониј“, „Св. Ѓорѓи“ и „Вознесение Христово“ од средината на II до крајот на III век постоел комплекс на римски вили.[2] Местото на коешто се наоѓа црквата „Вознесение Христово“ имала производен карактер, а во вдлабените делови од карпите кои се јасно видливи и денес се произведувало вино.[3]

Архитектура уреди

Градбата на црквата е со правоаголна основа без апсида. Влезот се наоѓа на западната страна и во црквата се влегува преку дрвена врата. Над влезот има празна ниша. Внатрешноста на црквата не е зографисана и во неа се сместени бројни икони.

Во дворот на црквата се се сместени два помошни објекти, од кои едниот е изграден од дрво, а другиот од бетонски тули.

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Темнички вир, село Градешница“. Rural Adventure.
  2. Св. Ѓорѓи, с. Градешница (Church St. Gjorgi, v. Gradesnica) Архивирано на 18 октомври 2021 г.“. Итар Пејо.
  3. Градешница Архивирано на 5 октомври 2021 г.“. Мој Роден Крај.

Надворешни врски уреди