Црква „Св. Илија“ - Бирино
црква во селото Бирино, Македонија
Свети Илија — главна селска црква во крушевското село Бирино, Македонија.[1][2]
Свети Илија
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Крушевско-демирхисарско |
Парохија | Прва крушевска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°18′40″N 21°16′9″E / 41.31111° СГШ; 21.26917° ИГД |
Место | Бирино |
Општина | Крушево |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Илија |
Изградба | 1882 |
Архитектонски опис |
Црквата се наоѓа во самото село и денес претставува една од малкуте зачувани градби во раселеното село Бирино.
Местоположба
уредиЦрквата се наоѓа во самото средиште на денешното село, меѓу малкуте зачувани куќи од раселеното село. Во минатото, црквата била во самото средиште на селото Долно Бирино, кое се наоѓало на местото на денешното село.[3]
Историја
уредиНе се знае кога е првично подигната црквата, но истата била срушена при зулумот на Арбанасите во средината на XIX век и истата била обновена од страна на останатото македонско население кон крајот на XIX век.[3] Според натписот над влезната врата, обновата на црквата се случила во 1882 година.
Галерија
уреди-
Апсидата
-
Внатрешноста
-
Главниот влез
-
Помошниот објект и камбанаријата
-
Натпис над влезот во црквата
-
Поглед на црквата
-
Камбанаријата
-
Помошниот објект
-
Ниша со фреска над влезот
-
Помошниот објект
-
Чешма во црковниот двор
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Прва крушевска парохија“. Преспанско-пелагониска епархија. Посетено на 12 декември 2021.
- ↑ 3,0 3,1 Трифуноски, Јован (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina: antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Илија“ - Бирино на Ризницата ?