Црква „Св. Димитриј“ - Драчевица
Свети Димитриј — главна селска црква во демиркапиското село Драчевица.[1][2]
Свети Димитриј
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Повардарска |
Архијерејско намесништво | Кавадаречко |
Парохија | Демиркаписка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°20′54″N 22°11′45″E / 41.34833° СГШ; 22.19583° ИГД |
Место | Драчевица |
Општина | Демир Капија |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Димитриј |
Изградба | 1858 |
Живопис | XIX век |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | трикорабна |
Црквата се наоѓа јужно од селото, под возвишението Зајчар, кое преовладува во околината.
Местоположба
уредиЦрквата се наоѓа под возвишението Зајчар,[3] кое е сместено јужно од селото.[2]
Историја
уредиЦрквата била подигната во 1858 година,[4] што е испишано на лакот од северниот влез во црквата.[2] Била подигнато на старо вакавиште, каде биле ископани неколку грчки надгробни плочи.[3]
Архитектура
уредиСпоред својот архитектонски облик црквата е трикорабна со главен влез на северната страна.[2]
Црквата е скоро напуштена поради отселување на луѓето во Демир Капија.[2]
Фрескоживопис
уредиЦрквата била зографисана кон крајот на XIX век, а нејзиниот живопис е обновен во 1927 година според сочуваниот натпис над северниот влез во црквата, кој гласи „Сеи храм обновисја 1927 г. III 26 зoграфи Димитриа и Георгиа браќа Андонови и наследници Андон Илиа из Дебар“.[2]
Иконостас
уредиИконостасот го исполнуваат мноштво икони изработени во периодот од 1863 до 1866 година од зографот Григориј (Пецанович) од Струмица.[2]
Галерија
уреди-
Главниот (северен) влез
-
Припратата
-
Припратата
-
Споредниот (западен) влез
-
Ниша со фреска над главниот влез
-
Апсидата
-
Камбанаријата
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 „Повардарска епархија - Демиркаписка парохија“. www.povardarska-eparhija.org.mk. Посетено на 2021-09-95. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ 3,0 3,1 Радовановиќ, Воислав (1924). Тиквеш и Раец. Белград. стр. 292.
- ↑ „Стратегија за развој на туризмот во Општина Демир Капија 2020-2024“ (PDF). Општина Демир Капија. Архивирано од изворникот (PDF) на 2021-05-21. Посетено на 26 август 2021.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Димитриј“ - Драчевица на Ризницата ?