Црква „Св. Никола“ - Грумази
Свети Никола или Воскресение Христово – главна селска црква во селото Грумази.[1]
Свети Никола/Воскресение Христово
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Битолско |
Парохија | Новачка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°02′58.4″N 21°34′58.4″E / 41.049556° СГШ; 21.582889° ИГД |
Место | Грумази |
Општина | Новаци |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Никола/Исус Христос |
Завршено | 1864 1980 (доградена) 2006 (обновена) |
Архитектонски опис |
Местоположба
уредиЦрквата се наоѓа на неколку стотина метри северно од селото.
Историја
уредиЦрквата била изградена во 1864, по што била срушена во 1924, доградена во 1980 и целосно обновена во 2006 година.[2]
Архитектура
уредиГрадбата на црквата има правоаголна основа со осумаголна купола којашто има по една монофора на секоја страна и полукружна апсида на источната страна. Главниот влез на црквата се наоѓа на западната страна и над него има ниша со фреска во лоша состојба на којашто е насликан Свети Никола, а црквата има и спореден влез на јужната страна над којшто има ниша со фреска којашто е целосно оштетено и не може да се забележи што е прикажано на неа. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со кров од ќерамиди.
Во дворот на црквата има трпезарија и во него се сместени селските гробишта.
Галерија
уреди-
Поглед на црквата
-
Главниот влез
-
Ниша над главниот влез
-
Споредниот влез
-
Апсидата
-
Трпезаријата
-
Гробиштата
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 14. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Грумази Архивирано на 1 декември 2021 г.“. Мој Роден Крај.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Никола“ - Грумази на Ризницата ?