Црква „Св. Никола“ - Суводол (Битолско)
Свети Никола – манастирска црква на Суводолскиот манастир.[1]
Свети Никола
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Битолско |
Парохија | Новачка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°04′29.5″N 21°32′24.2″E / 41.074861° СГШ; 21.540056° ИГД |
Место | Суводол |
Општина | Новаци |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Никола |
Завршено | 1931 1996 (обновена) |
Архитектонски опис |
Историја
уредиОд натписната плоча до влезот на конакот се забележува дека црквата била изградена во 1931 година, по што била срушена во 1994 година и изградена на новото место на манастирот во 1996 година.
Архитектура
уредиГрадбата на црквата претставува крстокуполен храм со осумаголна купола којашто има по една монофора на секоја страна и многуаголна апсида на источната страна. Главниот влез се наоѓа на западната страна и од обете страни на влезната врата има по една вертикална застаклена фреска — на левата е претставена Богородица со Исус, а на десната Свети Никола. Црквата има и спроеден влез на јужната страна. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со кров од ќерамиди.
Камбанаријата на црквата е со квадратна основа. Рабовите на аглите се истакнати нанадвор и забележителни се тулите од коишто се изградени. Слично како и црквата, камбанаријата е целосно обоена во бела боја и е покриена со кров од ќерамиди.
Галерија
уреди-
Поглед на црквата
-
Западната страна
-
Главниот влез
-
Споредниот влез
-
Куполата
-
Апсидата
-
Камбанаријата
-
Камбанаријата (лево) и црквата (десно)
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 14. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Никола“ - Суводол (Битолско) на Ризницата ?