Житошки манастир

манастир во Македонија

Житошки манастир (во поново време познат и како Локвенски манастир) — манастир во јужниот дел на Македонија, сместен во рамки на атарот на селото Локвени, иако историски припаѓал на селото Житоше.[1]

Житошки манастир
Поглед на манастирските конаци
Информации
Целосно имеЖитошки манастир
Други имињаМанастир „Свети Атанасиј“
Манастир на:МПЦ - ОА
Посветен наСвети Атанасиј
ЕпархијаПреспанско-пелагониска
ЦрквиЦрква „Св. Атанасиј“
Личности
Место
МестоЛоквени, Општина Крушево Македонија Македонија
Координати41°24′15″N 21°17′37″E / 41.40417° СГШ; 21.29361° ИГД / 41.40417; 21.29361
Видливи остатоциедна црква, конак, чешма, помошни објекти
Отворен за јавностада
Други информации(Прва кривогаштанска парохија)

Местоположба

уреди

Манастирот се наоѓа во месноста Манастириште, јужно од некогашното село Долно Житоше (денес дел од Житоше).[2] До него може да се дојде по земјен пат, кој е во лоша состојба.

Историја

уреди

За манастирот се верува дека е средновековен,[2] иако според ктиторскиот натпис годината на изградба е 1627 година.[3]

Манастирот бил доста познат и богат. Тој поседувал земја, шума и стока. На неговата манастирска слава се собирале гости од сите села.[2]

По иселувањето на христијанското население од Долно Житоше, манастирот бил напуштен. Од 1912 година, грижата за него ја презеле христијаните од селото Локвени.[2]

Наце Димов, заедно со крушевчанецот Марко Атанасов Мушевич–Македонец, кој е повикан од Наце, поднесуваат молба до Светиот синод на Руската православна црква и меморандум до Министерството за надворешни работи за отворање стручно (занаетчиско) училиште со интернат во разурнатиот Житошки манастир, каде ќе се предава на македонски јазик.[4]

Во 1950-тите години, црквата и манастирот биле без земја, напуштени и полуразрушени.[2] Со текот на времето, црквата целосна се разурнала.[3]

Градби

уреди

Во склоп на манастирот влегуваат една црква, конак, чешма и помошни објекти.

Црква „Св. Атанасиј“

уреди

Црквата е единствениот храм во манастирот.

Конаци

уреди

Во 2016 година биле поставени темели за изградба на новите конаци на манастирот, а на чинот бил присутен митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар.[5]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 14. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Трифуноски, Јован (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina: antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.
  3. 3,0 3,1 Ристовски, Блаже, уред. (2009). „„Свети Ахил"“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1319. Text "series " ignored (help)
  4. „Наце Димов“. Македонска нација. Посетено на 2022-01-04.
  5. Макфакс++ (2016-08-06). „Поставени темели на новиот конак на манастирот во Локвени“. МАКФАКС. Посетено на 2022-01-03.

Надворешни врски

уреди