Црква „Св. Ѓорѓи“ - Паралово
Свети Ѓорѓи – манастирска црква на Параловскиот манастир.[1]
Свети Ѓорѓи
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Битолско |
Парохија | Новачка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°02′24.9″N 21°33′38.4″E / 41.040250° СГШ; 21.560667° ИГД |
Место | Паралово |
Општина | Новаци |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Георги |
Завршено | 1860/1878 |
Архитектонски опис |
Историја
уредиЦрквата била изградена во 1860 или 1878 година, а се петпоставува дека на местото имало средновековна црква.[2]
Архитектура
уредиГрадбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Главниот влез се наоѓа на западната страна и над него има празна ниша, а црквата има и спореден влез на јужната страна над којшто има ниша со фреска на којашто е насликан Свети Ѓорѓи. Непосредно до главниот влез се издига камбанаријата којашто е прилепена до западната страна на храмот. Таа е со квадратна основа и во горниот дел на јужната, западната и северната страна има по една отворена монофора. Влезот на камбанаријата се наоѓа на јужната страна, непсоредно до главниот влез на црквата, и над него има празна ниша. Објектот на црквата и камбанаријата во целост е обоено во бела боја и се покриени со кров од ќерамиди.
Црквата е сместена во посебен дел од дворот на манастирот до којшто се влегува преку порта над којашто има бакрорез на којшто е прикажан Свети Ѓорѓи како ја убива ламјата. Во непосредна близина на црквата има мал помошен објект.
Галерија
уреди-
Влезната порта во делот на црквата
-
Црквата со камбанаријата
-
Поглед на црквата
-
Северната страна
-
Влезот на камбанаријата (лево) и главниот влез на црквата (десно)
-
Споредниот влез
-
Ниша над споредниот влез
-
Апсидата
-
Камбанаријата
-
Ѕвоното на камбанаријата
-
Панорама на црквата
-
Помошниот објект
-
Црквата помеѓу 1914 и 1918 година
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 14. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Паралово Архивирано на 1 април 2023 г.“. Мој Роден Крај.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Ѓорѓи“ - Паралово на Ризницата ?