Црква „Св. Никола“ - Зовиќ
Свети Никола — главна селска црква во селото Зовиќ.
Свети Никола
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Битолско |
Парохија | Старавинска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°07′06.6″N 21°42′45″E / 41.118500° СГШ; 21.71250° ИГД |
Место | Зовиќ |
Општина | Новаци |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Никола |
Завршено | 1862 1927 (обновена) |
Ктитор | Венедикт Богдан Секилковиќ и Ангеле Ангелевиќ |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | еднокорабна |
Местоположба
уредиЦрквата е сместена во близина на сретселото.[1]
Историја
уредиЦрквата била изградена во 1862 година, многу подоцна од помалата црква „Св. Атанасиј“. Според податоците кои може да се прочитаат на плочата која е исклесана на ѕидот веднаш лево од вратата, на црковнословенски е запишан следниот натпис:
„ | Во селото Бзоиќ овој свештен храм на нашиот отец Свети Николај, се изгради од православните христијани во времето на преосвештениот архиепископ Пелагониски г.г. Венедикт Византиски. 1862 Октомврија 30. | “ |
Објектот на црквата бил многу оштетен во текот на Првата светска војна. Црквата била обновена во 1927 година по враќањето на селаните кои биле раселени за време на војната. Постои податок на камени релјефни плочи, вграден во фасадите на црквата, каде што се наведени имињата на дедо Богдан Секилковиќ и дедо Ангеле Ангелевиќ како ктитори на црквата. Тие потекнувале од селото и како поимотни и угледни луѓе ја потпомагале обновата на црквата. Во знак на благодарност кон нив биле изработени камените релјефни плочи на коишто се прикажани во локална народна носија.[2] Во 1958 година, црквата била малтерисана, а покривот и трпезаријата биле поправени.[1]
Архитектура
уредиГрадбата на црквата има правоаголна основа со многуаголна апсида на источната страна. Таа е еднокорабна и е засводена со полукружен свод.[1] Кон западната и јужната страна е доградена отворена припрата. Главниот влез се наоѓа на западната страна и над него има ниша со фреска на којашто е прикажан Свети Никола. Црквата има и спореден влез на јужната страна над којшто исто така има ниша со фреска на којашто е претставена Света Недела. Објектот е изграден од камен. Внатрешноста е зографисана и изобилува со икони.[1] Фрескописот е дело на локални зографи.[2]
Во дворот на црквата се сместени селските гробишта, камбанаријата и помошен објект. Камбанаријата претставува примитивна метална конструкција којашто е покриена со пирамидален кров од ќерамиди.
Галерија
уреди- Надворешност и други објекти
-
Поглед на црквата
-
Западната страна
-
Припратата на јужната страна
-
Припратата на западната страна
-
Главниот влез
-
Споредниот влез
-
Апсидата
-
Камбанаријата
-
Помошниот објект
-
Селските гробишта
- Внатрешност
-
Внатрешноста на црквата
-
Натписна плоча
-
Фреска во црквата
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Зович Архивирано на 1 декември 2021 г.“. Мој Роден Крај.
- ↑ 2,0 2,1 „Црква „Свети Никола“, село Зовиќ, XIX век“. Rural Adventure.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Никола“ - Зовиќ на Ризницата ?