Рудник „Боров Дол“
Рудник „Боров Дол“ — рудник за бакар во околината на градовите Штип и Радовиш.
Географија и местоположба
уредиРудникот се наоѓа на околу 4 км над селото Дамјан. Сместен е на подрачјето на општините: Конче, Штип и Радовиш.[1]
Историја
уредиРудникот започнал со работа во декември 2018 година со ископ на површинска јаловина како поддршка на рудникот „Бучим“ за преработка на рудата во постојната флотација и испуштање во хидројаловиштето.[2] Во првата година било планирано да се отстрани јаловина од 13 милиони тони.[1] Рудникот започнал со производство на бакар, злато и сребро во 2020 година и со него се очекува да се продолжи работниот век на рудникот „Бучим“ до 2030 година.[3]
Геоморфологија
уредиРудното подрачје Бучим-Дамјан-Боров Дол припаѓа на металогенетската зона Леце-Халкидики и зафаќа површина од 150 км2 во нејзините средишни делови, со што спаѓа во редот на најмалките рудни подрачја во оваа зона. Границите на подрачјето се јасно обележани со одделни геолошки појави. Источната страна е означена со раседот на Тополничка Река којшто го раздвојува Бучимскиот од Радовишкиот блок и Радовишкиот гребен. Во Бучимскиот блок се среќаваат сите појави коишто го сочинуваат основното обележје на рудното подречје, како на пример систем на дробени структури, терциерен магматизам и минерализација, додека источно од блокот не се забележани слични појави. Западната граница е обележана со раседната структура во правец североисток-југозапад, која го одвојува Штипскиот од Бучимскиот блок. Во Штипскиот блок не се откриени појави на терциелни вулканити и рудна минерализација. Југозападната граница е долж раседот на реката Крива Лакавица, која го одвојува Дамјанскиот блок од Лакавичкиот гребен. Во Дамјанскиот блок има интензивно пројавување на вулканска активност и рудна минерализација којашто е карактеристична за ова подрачје, а во Лакавичкиот гребен ваквите појави изостануваат. Југоисточната граница веројатно е долж раседот на Габрешка Река, бидејќи по оваа раседна структура не се забележани појави на терциерен магматизам и минерализација. Северната граница на рудното порачје не е толку јасно изразена како останатите.[4]
Инвестиции
уредиРудникот инвестирал 29,9 милиони евра за набавка на нова опрема, 19,9 милиони евра за раскривка на рудата и 17,1 милион евра за завршување на сите градежни работи. Со тоа, вкупната инвестиција за рудникот во 2020 година достигнала 69,5 милиони евра.[5]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Новиот коп „Боров дол“ – спас за радовишките рудари“. Макпрес. 10 јануари 2019.
- ↑ „Започна со работа новиот рудник во Македонија“. Фактор. 13 декември 2018.
- ↑ „А - интегрирана еколошка дозвола за Рудник за бакар Боров Дол - Радовиш“. Министерство за животна средина и просторно планирање.
- ↑ Даневски, Т. (2012). „Влијание врз животната средина од одлагалиштето за откривка и флотациското хидродлагалиште во рудникот за бакар „Бучим“, со преземање на мерки за заштита“. Факултет за природни и технички науки, Институт за рударство, Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип. Штип. стр. 21.
- ↑ „Резултати од работењето на Бучим и Боров Дол во текот на 2020 година“. Бучим. 26 април 2021.
Надворешни врски
уреди- Рудник „Боров Дол“ на Ризницата ?