Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Старавина

црква во селото Старавина

Успение на Пресвета Богородица – главна селска црква во селото Старавина.[1]

Успение на Пресвета Богородица

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Битолско
Парохија Старавинска
Местоположба

Карта

Координати 41°05′25.2″N 21°44′10.6″E / 41.090333° СГШ; 21.736278° ИГД / 41.090333; 21.736278
Место Старавина
Општина Новаци
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Богородица Марија
Завршено 1862
Живопис 1887
Зограф Јосиф Радев, Јаков Радев
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабна

Местоположба

уреди

Црквата се наоѓа во источниот дел од селото.

Историја

уреди

Црквата била изградена во 1862, а живописана во 1887 година.[2] Во 1918 година, храмот бил целосно разрушен. Потписите на фреските најпрвин биле испишани на грчки, а по обновата на храмот биле испишани на црковнословенски.[3]

Архитектура

уреди

Градбата на црквата е еднокорабна со правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна којашто е украсена со слепи ниши. Кон западната и јужната страна е доградена затворена припрата. Главниот влез е сместен на западната страна, а црквата има и спореден влез на јужната страна. Над главниот влез има ниша со фреска на којашто е прикажано Успението на Пресвета Богородица, а над споредниот влез има ниша со фреска на Свети Никола.

Во внатрешноста на црквата има висок иконостас, изработен од дрво во поново време. Се претпоставува дека фрескоживописот е дело на тајфата на браќата Јосиф и Јаков Радеви од селото Лазарополе, кои биле ученици и меѓу првите следбеници на Дичо Зограф. Како последица на оштетувањата на црквата во Првата светска војна, фрескоживописот е застапен само на ограничена површина. Особено внимание од фрескоживописот привлекува застапената сцена на прасловенските учители Свети Кирил и Методиј коишто се насликани во архијерејска одежда со митра на главата. Свети Кирил е прикажан како средовечен човек со темна коса и брада, кој во десната рака држи крст, а во левата отворен свиток со испишан текст на старословенски јазик. Свети Методиј е насликан како старец со бела коса и брада, кој со десната рака благословува и држи свиток со азбука во левата рака.[2]

Дворот на црквата е ограден со камена ограда и во него се сместени камбанаријата и селските гробишта. Камбанаријата се издига непосредно од десната страна на влезната порта од дворот на црквата. Таа има квадратна основа и се состои од два дела, а покриена е со пирамидален кров од ќерамиди. Горниот дел има помала основа и во висина на ѕвоното е отворен.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 15. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 Црква „Св. Богородица“, село Старавина“. Rural Adventure.
  3. Старавина Архивирано на 1 декември 2021 г.. Мој Роден Крај.

Надворешни врски

уреди