Трновски манастир (Мариово)
манастир во Македонија
За други истоимени места, погледајте Трновски манастир.
Трновски манастир — манастир во јужниот дел на Македонија, на северозападните падини на планината Ниџе, во близина на селото Будимирци, на местото на некогашното село Трново.
Панорама на манастирот | |
Информации | |
---|---|
Целосно име | Трновски манастир |
Други имиња | Манастир „Свети Димитриј“ |
Манастир на: | МПЦ - ОА |
Посветен на | Свети Димитрија Солунски |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Цркви | Црква „Св. Димитриј“ |
Личности | |
Место | |
Место | во близина на Будимирци, Општина Новаци Македонија |
Координати | 41°02′14″N 21°44′34.7″E / 41.03722° СГШ; 21.742972° ИГД |
Видливи остатоци | една црква, конак, чешма, помошни објекти |
Отворен за јавноста | да |
Други информации | (Старавинска парохија) |
Градби
уредиВо склоп на манастирот влегуваат една црква, конак, чешма и помошни објекти.
Конак
уредиМанастирскиот конак содржи пет соби за спиење, кујна и трпезарија за пречек на гости. Снабдувањето со електрична енергија се врши од агрегат.[1] Со конакот стопанисува здружението „Трновчица - Будимирци“.[2]
Црква „Свети Димитриј“
уредиЦрквата била изградена во 1860, но била разрушена во 1918, па била обновена во 2000 година.[2] Градбата на црквата е мала еднокорабна со влез на западната страна и вдлабнат крст над влезната врата.[1]
Галерија
уреди-
Манастирската црква
-
Конакот
-
Чешма во близина на манастирот
-
Помошен објект
-
Градба во дворот на манастирот
-
Дворот на манастирот
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Будимирци – мариовско село во прегратките на Ниџе планина“. Оф Роуд - Македонија.
- ↑ 2,0 2,1 „Трново Архивирано на 5 октомври 2021 г.“. Мој Роден Крај.
Надворешни врски
уреди- Трновски манастир (Мариово) на Ризницата ?