Српски воени гробишта (Добровени)
Српски воени гробишта во Добровени — воени гробишта во селото Добровени на коишто се погребани војници кои загинале во Првата светска војна.
Српските воени гробишта во 2021 година | |
Податоци | |
---|---|
Место | Добровени |
Земја | Македонија |
Координати | 40°56′53.4″N 21°35′53.5″E / 40.948167° СГШ; 21.598194° ИГД |
Местоположба
уредиВоените гробишта се наоѓаат во склоп на селските гробишта во дворот на црквата „Св. Димитриј“.[1]
Историја
уредиВо текот на Првата светска војна, во селото Добровени постоела болница, па починатите војници биле погребувани на различни места во близина на селото. По завршувањето на војната, поголем дел од гробовите биле префрлени на денешното место и на тој начин биле создадени воените гробишта.[1]
Споменик на загинати поштари
уредиВо склоп на гробиштата има споменик кој по свотојот изглед се разликува од останатите, но неговиот текст не е читлив поради оштетувањето низ годините. За време на Првата светска војна, во Добровени постоела воена пошта на српската војска. На 29 ноември 1916 година, скоро сите вработени во поштата загинале при нејзино бомбардирање од страна на германските воздухопловни сили. По завршувањето на војната, од страна на нивните пријатели поштари бил подигнат споменик со српскиот натпис:
„ | Овај им споменик подигоше другови. | “ |
Денес, споменикот е преместен од првичното место и се наоѓа на воените гробишта.[1]
Галерија
уреди-
Натписна плоча на влезот на гробиштата
-
Споменикот на загинатите поштари
-
Поглед на гробиштата
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Добровени Архивирано на 1 декември 2021 г.“. Мој Роден Крај.
Надворешни врски
уреди- Српски воени гробишта (Добровени) на Ризницата ?