Црква „Св. Ѓорѓи“ - Рибарци (Битолско)
Свети Ѓорѓи – главна селска црква во селото Рибарци.[1]
Свети Ѓорѓи
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Битолско |
Парохија | Новачка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°01′01.9″N 21°27′51.1″E / 41.017194° СГШ; 21.464194° ИГД |
Место | Рибарци |
Општина | Новаци |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Георги |
Завршено | 1862 1936 (обновена) 1971 (обновена) 2000/2003 (обновена) |
Архитектонски опис |
Местоположба
уредиЦрквата се наоѓа во крајниот западен дел од селото, на црковна тумба на највисокот место во селото.[2]
Историја
уредиЦрквата е изградена во 1862 година, била срушена за време на Првата светска војна, повторно изградена во 1936 година, а обновена во 1971 година.[2] Храмот за последен пат бил обновен во 2000/2003 година.[2][3]
Архитектура
уредиГрадбата на црквата е со правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна којашто е украсена со слепи ниши. Главниот влез се наоѓа на западната страна, а црквата има и спореден влез на јужната страна над којшто има табла со податоци за изградбата на храмот. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со лимен кров.
Дворот на црквата е ограден со железна ограда и во него се сместени камбанаријата, селските гробишта и помошен објект. Камбанаријата има примитивен изглед и се состои од железен столб на којшто е врзано ѕвоното и е покриен со лимен кров.
Галерија
уреди-
Поглед на црквата
-
Главниот влез
-
Споредниот влез
-
Апсидата
-
Камбанаријата
-
Црквата (лево) со камбанаријата (десно)
-
Помошниот објект
-
Селските гробишта
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 14. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „Цркви“. Visit Pelagonia.
- ↑ „Рибарци Архивирано на 1 декември 2021 г.“. Мој Роден Крај.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Ѓорѓи“ - Рибарци (Битолско) на Ризницата ?