ТЕЦ „Битола“

термоцентрала во Македонија

Термоелектроцентрала „Битола“ (или скратено само ТЕЦ „Битола“) — термоелектрична централа во близина на селото Новаци, во јужниот дел на Пелагонија, на околу 12 км источно од Битола и на околу 15 км северно од границата со Грција. Централата работи на јаглен. Таа е дел од РЕК „Битола“.[1]

ТЕЦ „Битола“
Поглед на централата
ТЕЦ „Битола“ во рамките на Македонија
Местоположба на ТЕЦ „Битола“ во Македонија
НазивТермоелектроцентрала „Битола“
Земја Македонија
МестоБитола
Координати41°03′25″N 21°28′58″E / 41.05694° СГШ; 21.48278° ИГД / 41.05694; 21.48278
Статусактивна
Изградбата почнала1982
СопственикЕЛЕМ
ОператорЕЛЕМ
Информации за електраната
Главно горивојаглен
Информации за произодството
Построен капацитет700 мегавати

Историја

уреди

Термоелектраната започнала со производство во 1980 година со ископ на јаловина од првиот БТО-систем (багер, трака, одлагач), а првите киловат-часови електрична енергија биле произведени во 1982 година кога во работа бил пуштен првиот од трите блока на електраната. Производството го овозможуваат три блока чија моќност со реконструкцијата во 1994 година е зголемена за дополнителни 15 мегавати по блок или за вкупно 45 мегавати. По 2010 година, сите три агрегати биле осовременети и моќноста била подигната на 233 мегавати по агрегат, па вкупната моќност на РЕК „Битола“ денес изнесува 700 мегавати.[1]

Во 2009 година започнало осовременување на турбините и генераторите, што било извршено од страна на руското претпријатие „Силовие машини“ и завршило во 2013 година. Како последица на тоа, дотогашната инсталирана моќност од 675 мегават-часови била зголемена за 25 мегават-часови.[2] Освен тоа, во 2011 година бил склучен договор со германското претпријатие „Бабкок Борсиг“ за обновување на котлите со цел да се продолжи векот на користење на термоелектраната за 120.000 работни часови, но овој проект не бил довршен поради спор меѓу двете страни.[3] Иако за проектот бил обезбеден заем во износ од 80 милиони евра, ЕЛЕМ го раскинале договорот со „Бабкок Борсиг“, така што обновувањето на котлите останало недовршена. Единствено, во 2012 и 2013 година било извршено обноввување на котлите 2 и 3, а притоа биле намалени емисиите на азотни оксиди согласно стандардите за животна средина на Европската Унија. Меѓутоа, со ова осовременување не било остварено планираното зголемување на нивниот капацитет.[4]

Во периодот 2011-2012 година, ЕЛЕМ во соработка со надворешен советодавец изработиле студија за изградба на постројка за десулфурисзација. Студијата ја обработува технологијата за десулфурисзација позната како „влажна постапка“. Сепак, поради високата цена на обработуваната технологија и појавата на нови технологии, ЕЛЕМ во соработка со словенечкото препријатие „Рудис“ во 2016 година изработиле нова студија на изводливост којашто опфатила параметри кои се однесуваат на исплатливоста на постапката за намалување на SOx и прашина, како и оценка за влијанието на сите штетни материи од производствениот процес.[1]

Производство

уреди

Термоцентралата има три блок со вкупна инсталирана моќност од по 233 мегавати или збирна моќност од 700 мегавати. Сиот овој потенцијал му овозможува на комбинатот учество од над 70% во вкупното производство на електрична енергија во електроенергетскиот систем на Македонија.[1]

Во 2005 година, производството на електрична енергија достигнало 5.007 гигават часови, но веќе во наредната година производството паднало на 4.691 гигават час, а во 2015 годинатоа продолжило да опаѓа и изнесувало само 3.138 гигават-часови.[5]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 ТЕ Битола“. ЕСМ.
  2. „ЕЛЕМ фрли половина милијарда евра во РЕК Битола, а производството на струја драматично паѓа!“, Фокус, број 1097, 14 октомври 2016, стр. 14.
  3. „ЕЛЕМ фрли половина милијарда евра во РЕК Битола, а производството на струја драматично паѓа!“, Фокус, број 1097, 14 октомври 2016, стр. 15.
  4. „ЕЛЕМ раскинал милионски договор, ќе заврши на суд“, Слободен печат, година V, број 996, понеделник, 20 февруари 2017, стр. 8.
  5. „ЕЛЕМ фрли половина милијарда евра во РЕК Битола, а производството на струја драматично паѓа!“, Фокус, број 1097, 14 октомври 2016, стр. 16.

Надворешни врски

уреди