Тополничко Езеро
Тополничко Езеро — вештачко езеро и хидројаловиште во близина на селото Тополница по коешто и го добило името.
Тополничко Езеро | |
---|---|
Поглед на езерото | |
Координати | 41°40′30″N 22°22′30″E / 41.67500° СГШ; 22.37500° ИГД |
Вид | вештачко |
Главни приливи | Тополничка Река |
Главни истеци | Тополничка Река |
Сливни земји | Македонија |
Површина | 0,23 км2 км2 |
Зафатнина | 1,35 хм3 км3 |
Надм. височина | 620 м м |
Географија и хидрографија
уредиЕзерото е изградено по горното течение на Тополничка Река, на надморска височина од 620 м. Сливната површина на реката до преливот на браната изнесува 20,1 км2 и таа образува корито во должина од 6 км. Вкупната површина на езерото изнесува 0,23 км2. Испарувањето на водата од езерото при просечно количество врнежи од 650 мм годишно изнесува 170.000 м3.[1]
Брана и капацитет
уредиБраната е изградена на надморска височина од 520 м. Таа има вкупна корисна зафатнина од 1.350.000 м3, а потребната зафатнина за нанос (мртов простор) изнесува 500.000 м3.[1]
Намена
уредиБраната на езерото било планирано да биде формирана во три фази. Езерото служи за прибирање на отпадниот материјал (јаловина) којшто се добива со издвојвањето на корисниот концентрат на бакар при подготовка на минералната суровина во процесот на флотација. Јаловината по својот состав претставува ситнопесоклива и финопрашкаста материја со масен удел од околу 99% од вкупно произведената руда, која до езерото се доведува во облик на пулпа преку отворен каналски систем. Потоа, јаловината преку систем на циклониање се разделува на маса со покрупни зрна (фракција на песок) и фини зрна (фракција на прелив). Масата со покрупни зрна служи за надвишување на браната, а онаа со фини зрна се испушта во езерото и во него се таложи. Избистрената вода од езерото преку повратен цевковод се испумпува и се враќа во процесот на флотација.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Извештај од извршената ревизија на Студијата за последиците од поплавен бран за степенот на изграденост на круната на браната „Тополница" за кота 630 м.н.в.“ (PDF). Штип: Рударско-геолошки факултет - Штип. декември 2014. Посетено на 29 април 2022.
Надворешни врски
уреди- Тополничко Езеро на Ризницата ?