Новачки манастир

манастир во Македонија

Новачки манастирманастир во јужниот дел на Македонија, во близина на селото Новаци.[1]

Новачки манастир
Дворот на манастирот
Информации
Целосно имеНовачки манастир
Други имињаМанастир „Рождество на Пресвета Богородица“
Манастир на:МПЦ - ОА
Посветен наРождество на Пресвета Богородица
ЕпархијаПреспанско-пелагониска
ЦрквиЦрква „Рождество на Пресвета Богородица“
Личности
Место
МестоНоваци, Општина Новаци Македонија Македонија
Координати41°02′42″N 21°26′19″E / 41.04500° СГШ; 21.43861° ИГД / 41.04500; 21.43861
Видливи остатоциедна црква, конак, помошни објекти
Отворен за јавностада
Други информации(Новачка парохија)

Местоположба уреди

Манастирот се наоѓа на левиот брег на Црна Река, непосредно откако од десната страна ја прима реката Драгор. Од селото Новаци е оддалечен околу 1 км.[2]

Историја уреди

Манастирот бил подигнат со изградбата на манастирската црква во 2006 година.[2] Осветувањето на црквата било извршено на 13 јуни 2009 година, на празникот Педесетница, од страна на Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар во сослужение со Епископот Хераклејски г. Климент, кога и бил поставен камен-темелник за изградба на конакот.[3]

Градби уреди

Во склоп на манастирот влегуваат една црква, конак и помошни објекти.

Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ уреди

Градбата на црквата претставува монументален крстокуполен храм со осум куполи покриени со бакарни плочи.[2] Влезот се наоѓа на западната страна и над него има ниша со полукружен мозаик на којшто е претстсавена Богородица со Исус.

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 13. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 Новаци Архивирано на 1 декември 2021 г.“. Мој Роден Крај.
  3. Осветен нов манастирски храм посветен на Пресвета Богородица во с. Новаци“. МПЦ. 13 јуни 2009.

Надворешни врски уреди