Црква „Св. Илија“ - Воиславци (нова)

манастирска црква на Воиславскиот манастир „Св. Илија“

Свети Илија — манастирска црква на Воиславскиот манастир „Св. Илија“.

Свети Илија

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Брегалничка
Архијерејско намесништво Радовишко
Парохија Ораовичко-воиславска
Местоположба

Карта

Координати 41°35′00.7″N 22°28′21.7″E / 41.583528° СГШ; 22.472694° ИГД / 41.583528; 22.472694
Место Воиславци
Општина Радовиш
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Илија
Изградба 19 септември 2002
Осветување 22 април 2007
Архитектонски опис
Архит. тип крстокуполен храм

Историја

уреди

Камен-темелник за изградба на црквата бил поставен на 19 септември 2002 година од страна на Митрополитот Брегалнички г. Агатангел. Црквата била осветена на 22 април 2007 година од страна на Митрополитот Брегалнички г. Иларион.[1]

Архитектура

уреди

Градбата на црквата претставува крстокуполен храм со осумаголна купола и полукружна апсида на источната страна. На секоја страна од куполата има по една монофора. Главниот влез на црквата е сместен на западната страна кон којашто е доградена отворена припрата, а над влезот од припратата има плитка квадратна ниша со мозаик на којшто е прикажан Свети Илија. Црквата има и спореден влез на северната страна. Објектот е граден од тули коишто се забележливи на рабовите од вратите и прозорците, а во целост е покриен со кров од ќерамиди. Иконите во црквата се изработени од зографот Тони од Радовиш.[1]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди