Пешта (Старавина)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Пешта

Поглед на наоѓалиштето

Карта

Местоположба 41°05′30″N 21°44′25″E / 41.09167° СГШ; 21.74028° ИГД / 41.09167; 21.74028
Основни податоци
Место Старавина
Општина Новаци
Тип

 населба  некропола


Период римско време
доцноантичко време
Портал „Археологија“

Пешта или Градиштеархеолошко наоѓалиште и тврдина во близина на селото Старавина.

Опис уреди

Претставува населба и некропола од римско и доцноантичко време.[1]

Историја уреди

Според некои докази, Пешта потекнува од периодот на владеењето на античкомакедонските владетели, поточно од IV век п.н.е. На местото постоел и град кој е поврзан со преданието дека тоа е родното место на кралот Филип II, имајќи го предвид историскиот податок дека тој слегол од планините и потоа ја изградил престолнината Пела, а најблискиот планински масив северозападно од Пела оној во мариовскиот крај. Во отоманскиот период, тврдината Пешта е местото каде што се засолниле жителите на мариовските села по враќањето на Калеш Анѓа и во неа останале под опсада десет години. По Мариовско-прилепската буна од 1564-1565 година, тврдината ја изгубила својата оригинална намена. Денес, тврдината е разрушена, што во голема мера се должи на бомбардирањето во текот на Првата светска војна.[2]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.
  2. „Макриевска, О. (2014). „Експертски извештај за историските знаменитости во општина Новаци“. Проект „Жива историја — жива природа. стр. 32-33.

Надворешни врски уреди