ОУ „Климент Охридски“ - Миравци
Основно училиште „Климент Охридски“ (официјално: Основно општинско училиште „Климент Охридски“ - Миравци; скратено: ООУ „Климент Охридски“) — централно основно училиште во гевгелиското село Миравци, Општина Гевгелија.[1][2]
Климент Охридски
| |
---|---|
Влезот во училиштето
| |
Место | |
Општина: | Општина Гевгелија |
Наречено по: | Климент Охридски |
Нас. место: | Миравци |
Адреса: | ул. „Гоце Делчев“, бр. 35, с. Миравци |
Местоположба | |
Основни информации | |
Број на ученици: | 142 |
Настава на: | македонски |
Контактни информации | |
Мреж. место | ooukliment.edu.mk/index.html |
Е-пошта | oumiravciepiskop@yahoo.com |
Училиштето е именувано по словенскиот просветител и светец Свети Климент Охридски.
Историја
уредиПрвото училиште било отворено во 1884 година, а прв учител бил Глигор Божинов. Наставата била организирана во самите куќи, како и во црквата. На подрачјето на селото биле пронајдени букварките „Алфивитарии“ на Кирил Пејчиновиќ, како и неговите „Огледало“ и „Евангелие“.
Во 1925 година, со голема помош на рускиот учител Трофим Сахненко, била изградена училишната зграда во која се изведувала настава до 1996 година, кога била подигната новата училишна зграда.
Настава
уредиВо училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик.[2]
Подрачни училишта
уредиВо составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:[2]
- ПУ „Климент Охридски“ - Давидово, подрачно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Климент Охридски“ - Милетково, подрачно училиште на македонски наставен јазик; и
- ПУ „Ѓорѓи Делев“ - Смоквица, подрачно училиште на македонски наставен јазик.
Галерија
уреди-
Игралиште во селото
-
Влезот во училиштето
-
Спортска сала
Наводи
уреди- ↑ „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-12-05.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „За нас“. ОУ „Климент Охридски“. Посетено на 6 октомври 2021.