Липово Езеро
езеро во Македонија
Липово Езеро — вештачко езеро во близина на неготинското село Липа, Македонија. Езерото влегува во групата на изградени акумулации.[1]
Липово Езеро | |
---|---|
Поглед на езерото | |
Координати | |
Вид | вештачко |
Сливни земји | Македонија |
Местоположба
уредиАкумулацијата се наоѓа непосредно до селото Липа.
Историја
уредиБраната била подигната од некогашната земјоделска задруга во селото.[2]
Во 2013 година бил пробиен дел од браната на езерото и постоела опасност целосно да се сруши. Пробивањето се случило поради поројни дождови.[3] Во текот на истата година, браната на езерото била санирана.[4]
Во март 2022 година, браната повторно била во опасност да се сруши, бидејќи реконструкцијата на насипот не била изведена правилно.[5]
Галерија
уреди-
Поглед на езерото
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Група автори (2016). „Езера во Македонија“. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 28. ISBN 978-9989-110-90-0.
- ↑ „Браната кај село Липа, дивоградба!“. ДУМА.мк. 2013-03-27. Посетено на 2021-10-27.
- ↑ „Пробиен дел од браната во село Липа, Неготинско“. Фактор Портал. Посетено на 2021-10-27.
- ↑ Порта3 (2013-12-06). „Почна санацијата на браната „Липа"“. Порта3 - градежништво, архитектура и екологија. Посетено на 2021-10-27.
- ↑ „ПОСТОИ ОПАСНОСТ ДА СЕ СРУШИ НАСИПОТ НА БРАНАТА ЛИПА ВО НЕГОТИНСКО, НЕ СЕ ЗНАЕ ЧИЈА Е, ВЕЛИ ЦУК“. Сакам Да Кажам. 2022-03-19. Посетено на 2022-03-19.
Надворешни врски
уреди- Липово Езеро на Ризницата ?