Црква „Вознесение Христово“ - Живојно
Вознесение Христово – главна селска црква во селото Живојно.[1]
Вознесение Христово
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Битолско |
Парохија | Краварско-бачка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 40°54′25.1″N 21°35′51.8″E / 40.906972° СГШ; 21.597722° ИГД |
Место | Живојно |
Општина | Новаци |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Исус Христос |
Завршено | 1885 1990 (обновена) |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | еднокорабна |
Местоположба
уредиЦрквата се наоѓа во североистоичниот дел од селото.
Историја
уредиЦрквата е изградена во 1885 година. Непосредно по Втората светска војна била обновена, а во 1990 година била реновирана.[2]
Архитектура
уредиГрадбата на црквата е со правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна. Главниот влез се наоѓа на западната страна и над него има ниша со прозорец, а црквата има и два споредни влеза на јужната страна, а над едниот од нив има ниша со фреска во лоша состојба на којашто не може да се забележи што е претставено. Храмот е еднокорабен со полукружен свод и е граден од камен. Внатрешноста е зографисана и е обогатена со икони и книги.[2]
Во дворот на црквата се сместени камабанаријата, селските гробишта и помошен објект. Камбанаријата има квадратна основа и во горниот дел, во висина на ѕвоното, е тесно отворена од сите страни.
Галерија
уреди-
Поглед на црквата
-
Главниот влез
-
Споредниот влез со нишата
-
Спореден влез
-
Апсидата
-
Камбанаријата
-
Помошниот објект
-
Селските гробишта
Поврзано
уредиНаводи
уредиНадворешни врски
уреди- Црква „Вознесение Христово“ - Живојно на Ризницата ?