Црква „Св. Недела“ - Орле
Света Недела – главна селска црква во селото Орле.
Света Недела
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Битолско |
Парохија | Старавинска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°08′52.8″N 21°36′37.3″E / 41.148000° СГШ; 21.610361° ИГД |
Место | Орле |
Општина | Новаци |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Света Недела |
Завршено | 1860 2000 (обновена) |
Архитектонски опис |
Местоположба
уредиЦрквата се наоѓа во западниот дел на селото, на возвишение коешто ѝ дава доминантна положба во однос на остатокот од селото.
Историја
уредиХрамот бил изграден во 1860 година, бил обновуван повеќе пати, а од темел бил изграден во нов облик во 2000 година.[1]
Архитектура
уредиГрадбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Главниот влез се наоѓа на западната страна кон којашто е доградена мала отворена припрата, а на ѕидот над влезната врата е насликана фреска којашто е во лоша состојба. Црквата има и спореден влез на јужната страна. Објектот во целост е обоен во бела боја со ниско црвено цокле, а покриен е со кров од ќерамиди.
Внатрешноста на црквата не е зографисана, со исклучок на претставата на Исус Седржителот на сводот, но е богата со бројни икони. Ѕидовите се обоени во бела боја со црвено цокле, а во нивните горни делови се закачени петокраки ѕвезди, што ја симболизира небесната шир. Иконостасот содржи еден ред икони над ѓаконските порти и царските двери. Лево од царските двери се прикажани Света Недела, Архангел Михаил и Богородица со Исус, додека од десната страна се Исус, Архангел Гаврил и Свети Јован Крстител. На иконите во горниот ред се претставени различни библиски мотиви, а на иконата над царските двери е претставена Тајната вечера.
Во дворот на црквата се наоѓаат камбанаријата и селските гробишта. Камбанаријата претставува примитивна метална конструкција.
Галерија
уреди-
Поглед на црквата
-
Западната страна
-
Западната и северната страна
-
Јужната и источната страна
-
Главниот влез
-
Фреската над главниот влез
-
Спорениот влез
-
Апсидата
-
Внатрешноста
-
Иконостасот
-
Фреската на Исус Седржителот
-
Камбанаријата
-
Селските гробишта
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Орле Архивирано на 1 април 2023 г.“. Мој Роден Крај.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Недела“ - Орле на Ризницата ?