Крушевски крст

крст во Македонија

Крушевски крсткрст сместен на врвот Вршник (1.595 м.) на Бушева Планина, над манастирот „Св. Преображение“, во близина на градот Крушево. Околу крстот се наоѓа уреден простор, каде на долното плато е поставено големо знаме на Македонија.

Поглед на Крушевскиот крст

Камен-темелникот за крстот бил поставен на 26 август 2010 година, чија идеја бил на познатиот македонски пејач Тоше Проески. Истиот бил осветен на 17 октомври 2010 година, што било тригодишнина од смртта на пејачот.[1]

Местоположба

уреди

Крстот се наоѓа на врвот Вршник, во близина на градот Крушево.

Градба

уреди

Крушевскиот крст е висок 33 и широк 23,5 метри. Тежи 24 тони, додека основата му зафаќа два и пол квадратни метри.

Донатор на крстот бил македонскиот стопанственик Минчо Јорданов, а изведувачи биле македонските претпријатија „Факом“ и „Бетон“.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Исполнет аманетот на Тоше - Вечер“. 2010-10-17. Архивирано од изворникот на 2022-01-10. Посетено на 2022-01-10.

Надворешни врски

уреди

41°24′8″N 21°13′23″E / 41.40222° СГШ; 21.22306° ИГД / 41.40222; 21.22306