Црква „Св. Атанасиј“ - Старавина (нова)
манастирска црква на Старавинскиот манастир
Свети Атанасиј – манастирска црква на Старавинскиот манастир.[1]
Свети Атанасиј
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Битолско |
Парохија | Старавинска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°05′09.7″N 21°43′08.3″E / 41.086028° СГШ; 21.718972° ИГД |
Место | Старавина |
Општина | Новаци |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Атанасиј Александриски |
Завршено | 2006 |
Архитектонски опис |
Историја
уредиОд мермерна плоча со ктиторски натпис пред влезот на црквата се забележува дека таа била изградена во 2006 година.
Архитектура
уредиГрадбата на црквата претставува крстокуполен храм со шестаголна апсида на источната страна и осумаголна купола со по една монофора на секоја страна. Кон западната страна е доградена мала отворена припрата. Главниот влез се наоѓа на западната страна, а црквата има и спореден влез на северната страна којшто води до вестибулот. Објектот во целост е обоен во бела боја со ниско кафеаво цокле и е покриен со кров од ќерамиди.
Галерија
уреди-
Поглед на црквата
-
Главниот влез
-
Куполата
-
Апсидата
-
Мермерната плоча
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 15. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Атанасиј“ - Старавина (нова) на Ризницата ?