Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Паралово
Успение на Пресвета Богородица – главна селска црква во селото Паралово.[1]
Успение на Пресвета Богородица
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Битолско |
Парохија | Новачка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°02′31.5″N 21°33′22.6″E / 41.042083° СГШ; 21.556278° ИГД |
Место | Паралово |
Општина | Новаци |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Богородица Марија |
Завршено | 1860 |
Архитектонски опис |
Местоположба
уредиЦрквата се наоѓа на неколку стотина метри источно од селото, на возвишение коишто ѝ дава доминантна положба во однос на остатокот на селото.
Историја
уредиЦрквата била изградена во 1860 година.[2]
Архитектура
уредиГрадбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Главниот влез се наоѓа на западната страна и над него има ниша со фреска во лоша состојба на којашто е претставена Богородица со Исус, а храмот има и спореден влез на јужната страна над којшто има ниша со фреска којашто целосно е оштетена и не е забележително што е прикажано на неа. Објектот е граден од варовник и е покриен со кров од ќерамиди.
Во дворот на црквата се наоѓаат селските гробишта и разрушен помошен објект.
Галерија
уреди-
Поглед на црквата
-
Главниот влез
-
Ниша над главниот влез
-
Споредниот влез
-
Апсидата
-
Разрушениот помошен објект
-
Гробиштата
-
Гробови
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 14. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Паралово Архивирано на 1 април 2023 г.“. Мој Роден Крај.
Надворешни врски
уреди- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Паралово на Ризницата ?