Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Барово
Рождество на Пресвета Богородица (позната како Мала Богородица) — главна селска црква во демиркапиското село Барово, Македонија.[1][2]
Рождество на Пресвета Богородица
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Повардарска |
Архијерејско намесништво | Кавадаречко |
Парохија | Демиркаписка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°20′41″N 22°08′22″E / 41.34472° СГШ; 22.13944° ИГД |
Место | Барово |
Општина | Демир Капија |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Пресвета Богородица |
Изградба | 1868 |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | трикорабна |
Црквата се наоѓа над самото сретсело оставена во запуштена состојба и без прозорци.
Местоположба
уредиЦрквата се наоѓа на самото средиште на селото Барово.[3] До нејзе се пристапува по земјен пат од мостот над долот Студенец на главниот пат Демир Капија-Конопиште, кој поминува низ селото.
Историја
уредиЦрквата е подигната во 1868 година на место на стара црква.[3] Била обновена во 1934 година.[2][4]
Архитектура
уредиЦрквата претставува трикорабна градба со два реда колони и дрвени таваници. На нејзе има шест прозорци по три на јужната и на северната страна. Поседува два влеза на јужната и на северната страна.[2]
Фрескоживопис
уредиЦрквата е фрескоживописана. Тоа било направена за време на нејзината обнова во 1934 година од страна на Г. Донев од селото Гари.
Иконостас
уредиНа иконостасот се наоѓаат царски двери изработени од страна на Исаија Џиков од селото Осој, кој е потпишан на левото крило во долниот дел на дверите. Тие биле направени во 1870 година.[2]
Галерија
уреди-
Предниот дел
-
Страничниот дел
-
Апсидата
-
Ѕвоното
-
Поглед на црквата
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 „Повардарска епархија - Демиркаписка парохија“. www.povardarska-eparhija.org.mk. Посетено на 2021-08-22.
- ↑ 3,0 3,1 Радовановиќ, Воислав (1924). Тиквеш и Раец. Белград. стр. 317.
- ↑ „Стратегија за развој на туризмот во Општина Демир Капија 2020-2024“ (PDF). Општина Демир Капија. Архивирано од изворникот (PDF) на 2021-05-21. Посетено на 22 август 2021.
Надворешни врски
уреди- Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Барово на Ризницата ?