Битка на свиокот на Црна
| ||||||||||||||||||||||||||||||
Битката на свиокот на Црна е битка меѓу бугарската армија и армиите на Антантата, што се случила во текот на октомври-ноември 1916 година на Јужниот фронт за време на Првата светска војна.
Тек на битката
уредиВо август 1916 година бугарската армија ја спроведуваат офанзивната Леринска операција. По нејзиниот прекин силите на Антантата преземаат контраофанзива. Тие го заземаат Кајмакчалан на 2 октомври и продолжуваат кон Битола. На 18 истиот месец ја преминуваат реката Црна кај селото Брод и се укрепуваат на нејзиниот лев брег. Првата бугарска армија прави контра напад, но тој е неуспешен. На 23 октомври оганот на противникот достигнува огромни размери. Французите дејствуваат во полето при Кенали.[1] За една седмица противниците на бугарите ги напаѓаат неколкупати, но не постигнуваат успех. И српските напади на завојот на Црна биле одбиени. При секој неуспешен напад, артилерија на Антантата го засилува својот оган. Загубите се зголемуваат сè повеќе и повеќе, бидејќи батериите треба да ги штедат проектилите, што ги угнетувало бугарите и го убивало нивниот морал. На 7 ноември артилеријата на Антантата започнува најсилен оган против 3/8 бригада, која заземала позиции меѓу Крапе и Полог. По 3 дена загубите на бригадата постепено се зголемуваат и на 10 ноември без да биде нападната таа ги напушта своите позиции, кои веднаш се заземени од србите. После нови битки на 17 и 18 ноември бугарските војски на 19 ноември се принудени да ја напуштат Битола и заземаат позиции 5 км. Северно од градот на линијата Пелистер – кота 1248 – кота 1050.
Наводи
уреди- П. Недев, Бугарија во светската војна (1915-1918), Софија, 2001, Издателство Анико, ISBN 954-90700-3-4
- Ш. Атанасов и др. Бугарската воена способност за време на капитализмот, Софија, 1959, Државно воено издателство на МНО
Надворешни врски
уреди- ↑ Александар Ж. Петровић (2014) "Сан Црне реке", часопис "Зенит" бр. 14, Београд,