Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Бучин

црква во селото Бучин, Македонија

Рождество на Пресвета Богородица — главна селска црква во крушевското село Бучин, Македонија.[1][2]

Рождество на Пресвета Богородица

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Крушевско-демирхисарско
Парохија Бучинска
Местоположба

Карта

Координати 41°16′24″N 21°18′56″E / 41.27333°N 21.31556°E / 41.27333; 21.31556
Место Бучин
Општина Крушево
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Богородица
Изградба XIX век
Архитектонски опис

Црквата се наоѓа на самото сретсело, во непосредна близина на основното училиште. Околу нејзе се наоѓаат селските гробишта.

Местоположба

уреди

Црквата е сместена во Горно Маало на селото Бучин.[3]

Историја

уреди

Црквата е подигната кон крајот на XIX век.[3]

Архитектура

уреди

Црквата поседува живопис и иконостас, на кои во 1876 година имаат работено крушевските мајстори Анастас Зограф и Никола Михајлов.[4]

Фрескоживопис

уреди

Никола Михајлов има работено на ѕидното сликарство на претставите Раѓање на Богородица (во патронската ниша на западната фасада) и на Исус Христос (над јужниот влез). Според теренските истражувања на Ј. Тричковска, доминантното учество на Никола во оваа црква е во живописувањето на олтарскиот простор, каде што во конхата на жртвеникот е реализирано мошне невообичаено решение со сместувањето на Тајната вечера покрај Погребението Христово. Во останатиот дел од храмот, рамноправно учествувал и неговиот соработник, што може да се заклучи од натписот сочуван над влезната врата.[5]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. „Бучинска парохија“. Преспанско-пелагониска епархија. Посетено на 17 декември 2021.
  3. 3,0 3,1 Трифуноски, Јован (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina: antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.
  4. „Wayback Machine“ (PDF). web.archive.org. 2014-04-08. Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-04-08. Посетено на 2021-12-17.
  5. „Патримониум“ (PDF). http://www.kalamus.com.mk/. 2016. Посетено на 2021-12-17. Надворешна врска во |work= (help)

Надворешни врски

уреди