Црква „Св. Никола“ - Брод
Свети Никола или Свети Талалеј – главна селска црква во селото Брод.[1]
Свети Никола/Свети Талалеј
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Битолско |
Парохија | Краварско-бачка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 40°57′14.9″N 21°33′42″E / 40.954139° СГШ; 21.56167° ИГД |
Место | Брод |
Општина | Новаци |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Никола/Свети Талалеј |
Завршено | 1840 1996 (обновена) |
Архитектонски опис |
Местоположба
уредиЦрквата се наоѓа во северозападниот дел од селото, на возвишение коешто ѝ дава доминантна положба во однос на остатокот од селото.
Историја
уредиЦрквата е изградена во 1840 година, во Првата светска војна била разрушена, а во 1990 година била обновена.[2]
Архитектура
уредиГрадбата на црквата е еднокорабна со правоаголна основа и апсида на источната страна. Влезот се наоѓа на јужната страна и пред него е доградена мала припрата. На јужната страна има три монофори. Камбанаријата на црквата е со квадратна основа и е прилепена до југозападниот агол на храмот. Црквата има димензии од 12 × 7 м и е висока 5-6 м. Во внатрешноста на храмот има икони од XIX век коишто се поставени на иконостасот. На северниот ѕид има еден ред столици за седење, а на јужниот ѕид два реда.[2]
Во дворот на црквата се сместени селските гробишта и помошен објект. На гробиштата се наоѓа гробот на македонскиот револуционер Кољо Добровенски.
Галерија
уреди-
Јужната страна
-
Влезот
-
Апсидата
-
Камбанаријата
-
Селските гробишта
-
Гробот на Кољо Добровенски
Поврзано
уредиНаводи
уредиНадворешни врски
уреди- Црква „Св. Никола“ - Брод на Ризницата ?