Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Бач
Рождество на Пресвета Богородица – главна селска црква во селото Бач.[1]
Рождество на Пресвета Богородица
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Битолско |
Парохија | Краварско-бачка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 40°55′53.2″N 21°33′32.2″E / 40.931444° СГШ; 21.558944° ИГД |
Место | Бач |
Општина | Новаци |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Богородица Марија |
Завршено | XIX век 1912 (обновена) 1921 (обновена) |
Осветување | 21 септември 1912 |
Живопис | 1886 |
Зограф | Коста Анастасов |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | еднокорабна |
Местоположба
уредиЦрквата се наоѓа во средишниот дел на селото.
Историја
уредиЦрквата е изградена во XIX век, а била обновена од егзархистите и осветена на 21 септември 1912 година, односно на празникот Рождество на Пресвета Богородица којшто е и селска слава. Во текот на Првата светска војна, црквата била разрушена, а повторно била обновена во 1921 година.[2]
Архитектура
уредиГрадбата на црквата е еднокорабна со правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна. Главниот влез се наоѓа на западната страна до којашто е доградена отворена припрата, а над неа се издига и камбанаријата којашто е прилепена до објектот на храмот. Црквата има и спореден влез на јужната страна до којшто е доградена мала камена припрата над чијшто влез има фреска на којашто е претставена Богородица со Исус. Храмот има женски оддел којшто е во облик на балкон.[2]
Познато е дека црквата била зографисана во 1886 година од страна на Коста Анастасов од Крушево, а за тоа сведочи и натписот на црковнословенски којшто гласи:
„ | Сей храмъ Прест Богородица нво вем она се образис г. г. Архіепіск. к иереа. Иліа. ктитор. и приложніцъ г. 1886. из рукь Коста. Анасташіовикъ зуграфа ѿ слафно Крушово мсцъ. 4.[3] | “ |
Внатрешноста денес е без фрески, но со икони на апостоли и светци. Во главниот дел на црквата висат метални кандилници и лустери коишто потекнуваат пред обновувањето.[2]
Дворот на црквата е ограден со метална ограда и во него има помошен објект, базен за верски обреди и гробови на српски војници.
Галерија
уреди-
Поглед на црквата
-
Влезната порта од дворот на црквата
-
Припратата
-
Главниот влез
-
Споредниот влез
-
Јужната страна
-
Камбанаријата
-
Апсидата
-
Помошниот објект
-
Базенот за верски обреди
-
Гробови на српски војници
-
Дворот на црквата
-
Дворот на црквата во периодот 1916-1918 година
-
Црквата во периодот 1918-1941 година
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 12. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „Цркви“. Visit Pelagonia.
- ↑ Василиев, Асен (1965). Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители. София: Наука и изкуство. стр. 279.
Надворешни врски
уреди- Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Бач на Ризницата ?