Челевечка Река
река во Македонија
Челевечка Река ― лева притока во средниот тек на реката Вардар, која тече низ Демиркаписката Клисура. Реката тече низ селата Иберли и Челевец и е со должина од околу 8 километри.
Челевечка Река Человечка Река Јуручка Река | |
---|---|
Реката во својот кањон во Демиркаписката Клисура | |
Местоположба | |
Држава | Македонија |
Општина | Демир Капија |
Физички особености | |
Устие | |
• место | кај Демир Капија во Вардар |
• координати | 41°24′19″N 22°15′36″E / 41.40528° СГШ; 22.26000° ИГД |
• надм. вис. | 108 м |
Должина | о. 8 км |
Особености на сливот | |
Течение | Вардар → Егејско Море |
Географија
уредиРеката е сместена во средниот тек на Вардар. Пред вливот во Вардар, таа поминува низ карпи високи 220 метри, кои се дел од венецот Краставец.[1] Таму, десниот брег е создаден поради ридот Камен, додека на ридот на левиот брег се наоѓа историскиот средновековен град Просек.
Околина
уредиПросторот на долниот дел на реката е посетено место и се користи за качување на Демиркаписката Клисура. Во 2020 година, Општина Демир Капија го уредила просторот со патеки и поставување дрвени мовчиња на реката.[2]
Галерија
уреди- Венецот Краставец
-
Ридот Камен
-
Пештери во ридот Камен
-
Пештери во ридот Камен
- Текот на реката
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Орданче Петров (2014). „Средновековни каменофрлачки постројки од тврдината Просек во списите на Никита Хонијат“. Историја (1): 137. ISSN 0579-0263.
|access-date=
бара|url=
(help) - ↑ НМ (2020-08-12). „Нови дрвени мостови на реката Челевечка во Демиркаписката Клисура“. Нова Македонија. Посетено на 2021-09-30.