Смрдеш (планина)

планина во Македонија
Ова е статија за планината. За истоименото село во Грција видете Смрдеш

Смрдеш (меѓу населението позната и како Смрдешник) — ниска, но доста пространа планина која се наоѓа во источниот дел на Македонија.

Смрдеш
Смрдешник
Поглед на североисточната падина на Смрдеш над селото Сулдурци, Радовишко
Највисока точка
Надм. вис.971 м
Координати41°31′1″N 22°29′20″E / 41.51694° СГШ; 22.48889° ИГД / 41.51694; 22.48889
Друго имеСмрдешник
Географија
Смрдеш на карта

Карта

МестоМакедонија Македонија

Протегање

уреди

Се протега во правец севрозапад-југоисток помеѓу Радовишката Котлина од источната страна и Лакавичката од западната. На северозапад започнува јужно од Штип, а завршува близу до Струмица кај долината на река Водочница[1], од каде што на југ се поврзува со ниската планина Плавуш со која заеднички зафаќаат површина од 48,8 км2 на надморска височина над 500 метри[2]. Највисок врв е Елешница со 971 м, а други повисоки и поистакнати врвови по билото од север кон југ се: Остра Чука (618 м.), Голема Чука (675 м.), Вела Глава (705 м.), Елени Рид (763 м.), Чегрлан (760 м.), Стојчева Нива (833 м.), Дворничеви Ширини (866 м.), Змиева Дупка (909 м.), Вели Врв (615 м.), Бивола Глава (747 м.), Еленик/Елешница (971 м.), Одарто (801 м.), Перејца (716 м.) . Правецот на протегањето на планината всушност претставува и вододелница на егејските речни сливови на Вардар преку Крива Лакавица и водите на западната и јужна падина и на Струма преку водите на Стара Река (Струмица) и Иневска Река од источната и северна падина. Во делот за орографија во книгата Материјали по изучувањето на Македонија на македонскиот револуционер Ѓорче Петров, Смрдеш е определена како источниот издигнат крај на висорамнината помеѓу Радовишкото Поле и Штипската долина на Брегалница[3]. Смрдеш, преку Струмичката или Илвинската Планина (Еленица, н.з.), е поврзан со Конечка Планина, при што таа напречна соединувачка и шумовита планина е на самата вододелница меѓу Струма преку нејзината притока Струмица и Вардар преку неговата притока Лакавица[1]. Таа е разбиена маса без истакнати врвови, а дисецирана со повеќе суводолици и кратки речни текови што преку летото пресушуваат[1].

Градба и природни одлики

уреди

Геолошкиот состав е претставен со кристалести шкрилци, андезити, флишни и езерски седименти[1]. Делумно е покриена со дабова шума.[4], а од другите дрвја и растителен свет застапени се липата околу селата Горни и Долни Липовиќ, тополата, јасиката, сливата, оревот, како и листопадната средоземна и субсредоземна грмушка со мало дрво наречена смрдеш (смрдлика) по кое таа најверојатно го добила името. Падините на планината се богати со дабово дрво, поради што таа е главен снабдувач со огревно дрво на Радовишко и Струмичко каде што во големи размери е застапена дивата сеча, а воедно на селата Дедино, Ракитец, Горни Липовиќ е многу развиено варџиството.

Потекло и значење на името

уреди

Во јавноста и науката планината е позната под името Смрдеш, а меѓу месното население почесто се слуша називот Смрдешник. Името најверојатно потекнува од големата застапеност на смрдликата - листопадна грмушка со мало дрво од Медитеранот и Субмедитеранот која се нарекува уште и смрдеш, а е присутна како топоним и на други места низ Македонија како село во Костурско, предел на Шар Планина итн. Називот Смрдешник означува 'место со (растението) смрдеш'. За потеклото на името на овој масив, македонскиот револуционер Ѓорче Петров го запишале следното толкување односно предание на месното население: некојси овчар толку длабоко заспал што се изгубил и волкот му ги изел овците, па поради неговата мрзливост го нарекле „смрдле“, име што подоцна ѝ го дале на планината каде што се случило тоа[3].

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Андоновски, Томе (2009). „Смрдеш“. Во Блаже Ристовски (уред.). Македонска енциклопедија. 2. Скопје: МАНУ. стр. 1385. ISBN 978-608-203-024-1 (2) Проверете ја вредноста |isbn=: invalid character (help).CS1-одржување: користи параметар editors (link)
  2. Стојмилов, Александар (2011). Географија на Република Македонија. Универзитет за туризам и менаџмент. стр. 67.
  3. 3,0 3,1 Петров, Ѓорче (1896). превод: Марио Шаревски (уред.). Материјали по изучувањето на Македонија (2016. изд.). Скопје: Единствена Македонија. стр. 133. ISBN 978-608-245-113-8.
  4. Marković, Jovan Đ (1967). Geografske oblasti Socijalističke Federativne Republike Jugoslavije (српскохрватски). Beograd: Zavod za izdavanje udžbenika Socijalističke Republike Srbije.