Црква „Св. Атанасиј“ - Габрово
Света Атанасиј — главна селска црква во гевгелиското село Габрово, Македонија.[1][2]
Свети Атанасиј
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Повардарска |
Архијерејско намесништво | Гевгелиско |
Парохија | Миравска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°17′09″N 22°24′07″E / 41.28583° СГШ; 22.40194° ИГД |
Место | Габрово |
Општина | Гевгелија |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Атанасиј |
Изградба | 1851 |
Живопис | XIX век |
Зограф | Димитар Андонов-Папрадишки |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | трикорабна |
Црквата се наоѓа на самото сретсело, а околу нејзе се наоѓаат селските гробишта.
Местоположба
уредиЦрквата се наоѓа во самото средиште на селото.
Историја
уредиЦрквата била подигната во 1851 година, што може да се види од записот на еден камен блок над крстот на западната фасада, што всушност претставува дел од првобитната црква.[2]
Архитектура
уредиСпоред својот архитектонски облик, црквата е трикорабна со обоени дрвени тавани, од кои средниот ги надвишува двата странични кораба. На источниот ѕид има голема полукружна олтарна апсида, а на јужната и западната страна има отворен трем. Покривната конструкција, која е на две води, се држи на шест колони во два реда (по три столбови).[2]
Градител на овој храм е познатиот Андон Китанов.[2]
Фрескоживопис
уредиЦрквата добила фрескоживопис неколку години по нејзината изградба, во текот на втората половина XIX век од Димитар Андонов-Папрадишки.[2]
Иконостас
уредиЦрквата поседува иконостас исполнет со стари и нови икони кои потекнуваат од XIX и XX век.[2]
Галерија
уреди-
Поглед на црквата
-
Селските гробишта
-
Влезот
-
Тремот
-
Камбанаријата
-
Помошен објект
-
Тремот
-
Споредниот влез
-
Ниша со фреска над влезот
-
Апсидата
-
Споредниот влез
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 „Повардарска епархија - Миравска парохија“. www.povardarska-eparhija.org.mk. Посетено на 2021-10-04.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Атанасиј“ - Габрово на Ризницата ?