Црква „Св. Никола“ - Крушеани
црква во Крушеани, Прилепско
Свети Никола — селска гробишна црква во прилепското село Крушеани, Македонија.[1]
Свети Никола
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Прилепско |
Парохија | Втора кривогаштанска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°18′27.2″N 21°21′04.3″E / 41.307556° СГШ; 21.351194° ИГД |
Место | Крушеани |
Општина | Кривогаштани |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Никола |
Изградба | 1970 - 1976 |
Осветување | 1976 |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | еднокорабен |
Црквата се наоѓа на влезот во селото Крушеани од насока на Обршани. Околу црквата се наоѓаат селските гробишта.
Местоположба
уредиЦрквата се наоѓа на 1 километар јужно од селото Крушеани, крај патот за Обршани (Р2335).[2]
Историја
уредиИзградена во периодот од 1970 до 1976 година врз темели на старо црквиште откриено во 1950-тите од антропологот Јован Трифуноски.[2] Осветена е на 25 јули 1976 година од митрополитот Ангелариј Пелагониски,[3] подоцна поглавар на МПЦ.
Архитектура
уредиВо архитектонски поглед, храмот претставува еднокорабна засводена градба,[3] со влезен трем и полукружна апсида кон исток. Има и придружна трпезарија во црковниот двор.
Галерија
уреди-
Апсидата
-
Трпезаријата
-
Селските гробишта
-
Селските гробишта
-
Влезот
-
Западната страна
-
Поглед на црквата
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 Трифуноски, Јован (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina: antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.
- ↑ 3,0 3,1 „Црква „Свети Никола", село Крушеани“. OLDPRILEP.COM. 2012-03-11. Посетено на 2022-01-07.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Никола“ - Крушеани на Ризницата ?