Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Подареш

манастирска црква на Подарешкиот манастир „Рождество на Пресвета Богородица“

Рождество на Пресвета Богородица — манастирска црква на Подарешкиот манастир „Рождество на Пресвета Богородица“.

Рождество на Пресвета Богородица

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Брегалничка
Архијерејско намесништво Радовишко
Парохија Подарешка
Местоположба

Карта

Координати 41°38′18″N 22°33′49.5″E / 41.63833° СГШ; 22.563750° ИГД / 41.63833; 22.563750
Место Подареш
Општина Радовиш
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Богородица Марија
Архитектонски опис

Архитектура

уреди

Градбата на црквата има правоаголна основа и е без апсида. Влезот се наоѓа на западната страна кон којашто е доградена пространа чијашто површина соодветствува на внатрешноста на црквата. Од внатрешноста на јужниот ѕид од припратата, непосредно пред влезната врата, има две врамени вертикални фрески, од кои на едната е прикажана Богородица со Исус, а на другата Исус. На крајот од припратата се издига камбанаријата којашто е со квадратна основа и во висина на ѕвоното има по една отворена бифора на секоја страна. Црквата и камбанаријата во целост се обоени во бела боја и се покриени со кров од ќерамиди.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди