Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Ињево
Рождество на Пресвета Богородица — црква во селото Ињево.
Рождество на Пресвета Богородица
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Брегалничка |
Архијерејско намесништво | Радовишко |
Парохија | Ињевско-конечка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°37′00.6″N 22°25′14.1″E / 41.616833° СГШ; 22.420583° ИГД |
Место | Ињево |
Општина | Радовиш |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Богородица Марија |
Изградба | 1991 |
Завршено | 1992 |
Осветување | 1992 |
Архитектонски опис |
Местоположба
уредиЦрквата се наоѓа на неколку стотини метри северозападно од селото.
Историја
уредиКамен-темелник за изградба на црквата бил поставел во 1991 година, а храмот бил завршен и осветен во 1992 година од страна на Митрополитот Струмички г. Горазд.[1]
Архитектура
уредиЦрквата има правоаголна основа со осумаголна купола и полукружна апсида на источната страна. На секоја страна од куполата има по една монофора. Главниот влез се наоѓа на западната страна кон којашто е доградена отворена припрата, а црквата има и спореден влез на северната страна.
Во дворот на црквата се сместени камбанаријата, конак, помошен објект и уште еден објект. Камбанаријата е прилепена до еден од помошните објекти. Таа е со квадратна основа и се состои од бетонска конструкција над којашто има дрвена конструкција којашто е покриена со пирамидален кров од ќерамиди.
Галерија
уреди-
Поглед на црквата
-
Куполата
-
Главниот влез
-
Споредниот влез
-
Апсидата
-
Камбанаријата
-
Конакот
-
Помошниот објект
-
Објект во дворот на црквата
-
Црквата (десно) со помошниот објект (лево)
Поврзано
уреди- Ињево
- Ињевски манастир „Св. Димитриј“
- Ињевски манастир „Св. Архангел Михаил“
- Ињевски манастир „Св. Петка“
- Црква „Св. Димитриј“
- Црква „Вознесение Христово“
- Црква „Св. Петка“
- Црква „Св. Архангел Михаил“
- Параклис „Св. Контантин и Елена“
- Ињевски крст
- Радовишко архијерејско намесништво
- Ињевско-конечка парохија
Наводи
уреди- ↑ „Ињевско-конечка парохија Архивирано на 1 април 2022 г.“. Брегалничка епархија.
Надворешни врски
уреди- Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Ињево на Ризницата ?