Српски воени гробишта (Скочивир)

воени гробишта во селото Скочивир

Српски воени гробишта во Скочивир или Српски воени гробишта 1912-1918[б 1] — воени гробишта во селото Скочивир на коишто се погребани војници кои загинале во Првата светска војна.

Српски воени гробишта во Скочивир
Српските воени гробишта во 2017 година
Податоци
МестоСкочивир
ЗемјаМакедонија Македонија
Координати40°58′29.9″N 21°39′18.9″E / 40.974972° СГШ; 21.655250° ИГД / 40.974972; 21.655250
Големина500

Местоположба

уреди

Гробиштата се наоѓаат на 2 км од селото Скочивир, од десната страна по течението на Црна Река.[1]

Историја

уреди

Во есента 1916 година, за време на Првата светска војна, селото Скочивир било на самата фронтовска линија, а потоа борбите се префрлиле неколку километри подалеку, па така тоа станало важна комуникациска точка за силите на Антантата. Во 1916 година, во Солун била формирана болница на руската принцеза Александра Наришкина, а следната 1917 година во близина на Скочивир работела и полската Болница на шкотските жени. Местоположбата на овие две болници даваат објаснување за големиот број гробови од Првата светска војна коишто се забележливи на две места: првото е во дворот на црквата „Св. Петка“, а второто се денешните воени гробишта покрај патот кој поминува низ излетничката населба Коњарка и води до врвот Кајмакчалан. Освен тоа, во близина на селото и денес постои т.н. „Француски пат“ кој го поврзувал Скочивир со денес напушеното село Чегел, а помеѓу овие две села постоела и жичница којашто служела за доставување воен материјал.[1]

Опис

уреди

Гробиштата се простираат на површина од околу 3.500 м2 и на нив се погребани околу 500 српски војници кои загинале во битката на Кајмакчалан.[2]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Белешки

уреди
  1. До влезната врата од гробиштата стои натпис со содржината „Српски воени гробишта 1912-1918“.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Скочивир“. Мој Роден Крај.
  2. Славна историја нашег заборава“. Политика. 26 септември 2009.

Надворешни врски

уреди