Џамија Хафиз Салих
Џамија Хафиз Салих — џамија во селото Коџалија.[1]
Џамија Хафиз Салих | |
---|---|
Поглед на џамијата | |
Координати: 41°41′19.8″N 22°25′09″E / 41.688833° СГШ; 22.41917° ИГД | |
Место | Коџалија |
Општина | Општина Радовиш |
Држава | Македонија |
Местоположба | |
Архитектура | |
Минариња | 2 |
Местополоба
уредиЏамијата се наоѓа во западниот дел на селото.
Архитектура
уредиГрадбата на џамијата има четириаголна основа. Влезот се наоѓа на северозпадната страна кон којашто е дограден трем и до којшто се стигнува преку краток мост. Објектот е обоен во бела боја, додека тремот и северозападната страна околу влезот е во зелена боја. Покриен е со лимен кров на којшто има една голема купола и три помали шилески куполи поставени над тремот. Џамијата има две минариња, од коишто едното е повисоко. Повисокото минаре се издига веднаш до северниот агол на џамијата. Тоа е со многуаголна основа и има две шерефиња. Во целост е обоено во бела боја. Пониското минаре се издига до јужниот агол на храмот. Тоа е со кружна основа и има едно шерефе. Обоено е во бела боја и е покриено со сив лимен кров.
Галерија
уреди-
Поглед на џамијата
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 85. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски
уреди- Џамија Хафиз Салих на Ризницата ?