Црква „Св. Никола“ - Будимирци

црква во селото Будимирци

Свети Никола – главна селска црква во селото Будимирци.

Свети Никола

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Битолско
Парохија Старавинска
Местоположба

Карта

Координати 41°03′27.3″N 21°43′50.2″E / 41.057583° СГШ; 21.730611° ИГД / 41.057583; 21.730611
Место Будимирци
Општина Новаци
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Изградба 1875
Завршено 1878
1930 (повторно изградена)
1952, 1990 и 2003 (обновена)
Живопис 1888
Зограф Димитрие Андонов Зограф
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабна

Местоположба

уреди

Црквата се наоѓа во крајниот источен дел од селото.

Историја

уреди

Црквата била изградена во 1878, повторно била изградена во 1930, а била обновена во 1952, 1990 и 2003 година. Во текот на Првата светска војна храмот бил срушен до темел, а камењата биле земени на фронотот за изградба на бункери. Голем дел од вредните работи во црквата биле земени од страна на бугарската војна и биле однесени во Бугарија. Во 2003 година, храмот бил обновен од страна на жителите на селото, внатрешноста повторно била зографисана и снабдена со икони и дарови од верниците.[1]

Според некои проучувачи, црквата била изградена на местото на постара црква којашто била посветена на Света Петка.[2]

Архитектура

уреди

Градбата на црквата е еднокорабна со правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна којашто е украсена со слепи ниши. На јужната и западната страна на црквата е дограден отворен трем. Главниот влез на црквата се наоѓа на западната страна, а храмот има и спореден влез на јужната страна. Над секој од обата влеза има голема ниша со фреска којашто е видно оштетена. Храмот е изграден од делкан камен и варов малтер и е обоен во бела боја.[2]

Внатрешноста на црквата била зографисана во приближно ист период кога биле изработени иконостасот и иконите. На една од иконите е наведена годината 1885, како и иницијалите Д. А. З. на зографот Димитрие Андонов Зограф со потекло од селото Магарево. Фрескоживописот во црквата е зачуван е во својата првобитна состојба од 1888 година. Потписите на фреските се испишани на словенски јазик. Поради просторноста на црквата, распоредот на живописот е изведен на класичен начин, што е карактеристично за XIX век.[2]

Дворот на црквата е ограден со камена ограда над којашто се издига камбанаријата. Таа е со квадратна основа и нејзините ѕидови исто така се изградени од камен, а во горниот дел во висина на ѕвоното има конструкција од дрвени греди којашто е покриена од лимен кров. Во дворот на црквата има помошен објект којшто е изграден од камен, а во непосредна близина на дворот на црквата од надворешната страна се сместени селските гробишта.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Будимирци Архивирано на 1 декември 2021 г.“. Мој Роден Крај.
  2. 2,0 2,1 2,2 Црква „ Свети Никола“, село Будимирци, XIX век“. Rural Adventure.

Надворешни врски

уреди