Бренски манастир

манастир во Македонија

Бренски манастирманастир во јужниот дел на Македонија, на северозападните падини на планината Ниџе, во месноста Брен во близина на селото Градешница.[1]

Бренски манастир
Поглед на манастирот
Информации
Целосно имеБренски манастир
Други имињаМанастир „Свети Илија“
Манастир на:МПЦ - ОА
Посветен наСвети Илија
ЕпархијаПреспанско-пелагониска
ЦрквиЦрква „Св. Илија“
Личности
Место
Местово близина на Градешница, Општина Новаци Македонија Македонија
Координати41°05′26″N 21°46′20″E / 41.09056° СГШ; 21.77222° ИГД / 41.09056; 21.77222
Видливи остатоциедна црква, конак, чешма, помошен објект, трпезарии
Отворен за јавностада
Други информации(Старавинска парохија)

Градби

уреди

Во склоп на манастирот влегуваат една црква, конак, чешма, помошен објект и трпезарии.

Конак

уреди

Конакот на црквата бил изграден и осветен на 1 август 2000 година.

Чешма

уреди

Манастирската чешма била изградена во 1919 година, а била обновена во 1990 година. На нејзино место се наоѓа извор којшто е познат по бистрата и лековита вода. Во врска со изворот се поврзани две верувања кај месното население. Според првото, водата од Брен не се носи дома. Според второто, со водата од изворот се снабдувала тврдината Пешта. Ова сознание го имале мештаните, но не и отоманските власти кои долго време не можеле да ја освојат тврдината, а тоа им успеало дури по откривањето на подземните канали преку кои тврдината се снабдувала со вода.[2][3]

Црква „Свети Илија“

уреди

Градбата на црквата е со правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна. Внатрешноста на црквата не е зографисана, со исклучок на иконостасот којшто наместо икони содржи фрески.

Настани

уреди

Во чест на благденот Илинден, на 1 и 2 август секоја година манастирот го посетуваат неколку илјади гости од целата област Мариово.[4]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 15. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. Извор – Манастир Св. Илија (Брен) во близина на с. Градешница Архивирано на 16 октомври 2021 г.“. Итар Пејо.
  3. Манастир „Свети Илија“ – Брен, село Градешница“. Rural Adventure.
  4. Градешница Архивирано на 5 октомври 2021 г.“. Мој Роден Крај.

Надворешни врски

уреди